Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВРАЌАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА: Италија отвара школо за овчари, стотици пријавени
Земјоделство

ВРАЌАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА: Италија отвара школо за овчари, стотици пријавени

февруари 21, 2023Updated:февруари 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Италија е основано училиште за овчари, а во април почнува првиот курс за сите оние кои сакаат да живеат нов живот во идиличните Апенински планини.

За курсот пристигнаа стотици апликации бидејќи младите се решени да се вратат на традиционалните занимања кои беа напуштени во последните децении.

„Добивме многу барања од оние кои сакаат да започнат нов живот. Би биле среќни ако нашите студенти овде или на друго место во иднина сакаат да започнат сопствено сточарство“, изјави за весникот „Ла Стампа“, Лука Сантини, раководител на Националниот парк „Казентинези“, место кое е централен дел од програмата.

Националниот парк се простира на повеќе од 360 квадратни километри на Апенините, меѓу провинциите Арецо и Форли.

Оние што ќе тргнат на школо, кое првично ќе биде отворено за само шест лица, се избираат врз основа на претходно искуство и мотивација.

Курсот опфаќа теоретски дел и практичен дел кој вклучува едномесечен престој со стадо овци во шумите на Апенините, обука за стрижење овци, одгледување и заштита од диви животни.

Училиштето за овчари е бесплатно. На учесниците ќе им биде понудено бесплатно сместување во националниот парк и објектите што се на тоа подрачје, на фарми кои учествуваат во проектот.

Во училиштето посебно внимание ќе се посвети на актуелните предизвици со кои се соочуваат планинските заедници, како што се ублажување на штетните ефекти од климатските промени или подобрување на екосистемите и биолошката разновидност.

„За паркот е важно да се одржи рамнотежата меѓу шумите и пасиштата и да се зачува биолошката разновидност на инсектите и водоземците. Истото го правиме и кога станува збор за волците. На овчарите им даваме кучиња кои се тренирани да ги избркаат, а да не ги нападнат“, вели Сантини.

До 2027 година се планира да се организираат четири вакви курсеви.

Школото за овчари е финансирана од Европската Унија. Проектот (наречен „LIFE SheepForBio“) има за цел да ги подобри и зачува живеалиштата на Апенините преку оживување на традиционалното пасење. Површината на пасиштата во областа беше преполовена од 1960 до 2000 година. Во рамките на Националниот парк „Казентинези“, од 1950 до 2020 година, пасиштата се намалија за повеќе од 80%. Ова се случи главно поради депопулацијата на планинските области и намалувањето на сточарската активност. Во изминатите 40 години, Италија загуби многу од своите овчари, што е тренд кој ги следи и другите европски земји. На Алпите бројот на земјоделци е намален за 40 отсто. Сепак, пандемијата на Ковид-19 уште еднаш ги откри предностите на сточарството и земјоделската работа. Италијанското здружение на фармери „Колдирети“ објави дека околу 2.000 млади луѓе неодамна одлучиле да се вратат на земјоделството и да се грижат за 7,2 милиони овци во земјата.

актуелно Апенини италија овци овчари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.