Поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујевски и неговиот подреден ќе одат во притвор, а шефот на кабинетот на екс директорот на УБК, Тони Јакимовски, ќе остане без пасош, одлучил денеска советот од пет судии во Врховен.
Се очекува информацијата во секој момент да ја потврдат и од судот, каде во моментов според нашите информации се изготвуваат одлуките.
Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште не се информирани.
Информација не пристигнала ниту во Министерството за внатрешни работи од каде велат дека кога и да се случи тоа тие се подготвени да постапат согласно одлуката и законите и да ги спроведат обвинетите во притвор.







