Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе добие наскоро покана од хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ до крајот на годината официјално да го посети Загреб, со што би била отворена нова фаза во односите две држави, пишува во денешното издание на Вечерње новости.
Според наводите на весникот, претседателите на двете држави ќе разговараат во текот на средбата во Загреб за сите теми кои ги оптеретуваат билателарните односи, од решавањето на судбината на исчезнатите и враќање на имотите на протераните Срби од Хрватска, до граничните прашања, економската соработка но и состојбата на српското малцинство во Хрватска, односно на хрватското во Србија.
Весникот, исто така, наведува и тоа дека после средбата на претседателите на Србија и Хрватска, ќе се состанат премиерите на двете држави, Ана Брнабиќ и Андреј Пленковиќ.







