Тој вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Србија.
При таа прилика, тој ѝ ги предаде и сите важни документи, како и печатот.
– Со каква леснотија ја прифати должноста, а денес е и роденден на Ана – рече Вучиќ.
Брнабиќ потоа истакна дека е среќна бидејќи знае дека Вучиќ сега оди меѓу народот.
Потоа му се заблагодари на Вучиќ за неговата борба за Србија.
– Никогаш претходно сме немале таков претседател, ниту пак ќе имаме – човек кој беше толку пожртвуван и кој сè остави настрана заради Србија. Чест ми е што ја преземам оваа должност од таков човек – рече таа.
Брнабиќ му посака среќа на Вучиќ во неговата борба.
– Ќе ја чувам оваа функција со сето свое битие сè додека народот не избере нов претседател – рече таа
– Цел живот се борев за укинување и против печатите, а сега го добив најважниот печат – рече Брнабиќ низ смеа.







