Кошаркарски турнир за деца родени до 2007 година в недела ќе се одржи во спортската сала „Независна Македонија“, во организација на КК „Ангели“ и ТВ „Спорт клуб“, а со поддршка на Општина Кисела Вода.
Натпреварите почнуваат од 10 часот, а финалните ќе се одиграт со почеток во 17 и 18 часот.
На меѓународниот турнир „Спорт клуб“ силите на теренот ќе ги одмерат 32 екипи од Северна Македонија.
Останатите натпревари од турнирот ќе се играат во Кавадарци и Струмица.







