Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ГАЗПРОМ ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЕВРОПА: „Не е ништо готово, немате многу време!“
Финансии

ГАЗПРОМ ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЕВРОПА: „Не е ништо готово, немате многу време!“

април 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека повеќето компании објавуваат живописни слики од нови производи, задоволни клиенти и насмеан персонал, руски енергетски гигант во државна сопственост, „Газпром“, на поинаков начин ги користи социјалните мрежи и во своите пораки меша прикриени закани и навестувања за насилничко однесување.

Во последните неколку дена, на Твитер и Телеграм објавија мрачно предупредување дека на Европа сè уште и се заканува недостиг на енергија.

Би било лесно да се отфрли како корпоративен гангстеризам, но содржи непријатно зрно вистина, наведува во својот коментар во Телеграф, Метју Лин.

Во Европа, вели тој, имавме голема среќа што минатата зима ја поминавме без поголеми редукции на електричната енергија, но на стариот континент му истекува времето за да ја деактивира „гасната бомба“ која, сепак, сеуште може да ја разнесе економијата.

Некој би можел да помисли дека со пролетта и исклучените термостати, Европа може едноставно да ја остави зад себе енергетската криза бидејќи ја преживеа зимата без прекини на струја, рационализирање или затворање на училишта и фабрики.

Меѓутоа, ако некој мисли дека кризата е завршена, „Газпром“ е тука да потсети дека овој џиновски снабдувач со енергија на рускиот претседател Владимир Путин е сè уште сила на која треба да се смета.

Европските складишта за гас, според „Газпром“, се веќе на 60 отсто од капацитетите, и ќе треба повторно да се наполнат во наредните месеци.

„Ова ќе биде многу тешко да се направи со оглед на политички мотивираните одлуки чија цел е отфрлање на увозот на руски гас преку гасоводи. На количината на гасот достапен на европскиот пазар многу ќе влијае конкуренцијата за ЛНГ“, наведоа од „Газпром“.

За волја на вистината, Гаспром не е баш неутрален извор на информации.

Европа успеа да го „симне“ рускиот гас побрзо отколку што некој очекуваше откако руската армија ја премина украинската граница пред 14 месеци – и тоа со само мали потешкотии.

Тоа им овозможи на некои земји да одржат силна поддршка за Киев бидејќи светлата не беа исклучувани, канцелариите, фабриките и училиштата останаа отворени, и економијата продолжи да функционира.

Но, и покрај насилното однесување, сепак, има одредена вистина во она што го наведува „Газпром“. Путин добро знае дека европскиот континент имаше среќа минатата зима и дека нема гаранции оти среќата ќе му остане наклонета и ќе биде пак во негова корист.

Постојат три причини зошто Европа успеа да „исплива“ и покрај затворањето на руските гасоводи.

Прво, температурите беа релативно високи – од крајот на септември минатата година, просечните температури во Германија, најголемиот потрошувач на гас во Европа, беа 25 отсто, или 1,58 степени Целзиусови, над нормалата, според податоците на американско-британскиот давател на глобални податоци „Рефинитив“. На швајцарските Алпи, пак, беше толку топло што имаше премалку снег во скијачките центри. На целиот континент беше потопло од вообичаено.

Но, Европа беше само еден „ѕвер од Исток“ далеку од сериозни недостиг и сигурно не може да смета на благо зимско време две години по ред – всушност, едноставните просеци сугерираат дека Европа ја очекува ладно време.

Потоа, дополнителните испораки од Катар и најмногу од САД, потпомогнати од растечката „фракинг“ индустрија, значеа дека можеби имало вишок на ЛНГ на пазарот.Но, со закрепнувањето на глобалната економија и зголемената побарувачка во Азија, европскиот континент ни на тоа не треба да смета.

Конечно, како беснееше војната во Украина, бизнисите и потрошувачите беа подготвени да штедат, при што многу градови ги исклучија божиќните светилки, а некои фабрики, особено оние во средиштето на германската тешка индустрија, преминаа на алтернативни горива, иако беа поскапи.

Но, постои можност тоа да не се повтори.

Европа не смее да се потпира само на среќата за светлата да останат вклучени.

И покрај мерките кои беа превземени за ограничување на зависноста од рускиот гас, и понатаму во Словачка, Естонија, Полска и Германија тој сè уште претставува повеќе од половина од вкупниот увоз на природен гас.

Кога Кремљ минатата година го прекина снабдувањето со гас за Европа преку гасоводот, борбата за обезбедување алтернативни испораки доведе до скок на цените и масовно ја влоши кризата со растот на трошоци за живот.

Минатата зима многу европски земји вложија огромни суми пари за да го задржат проблемот под контрола, создавајќи огромни дефицити за да обезбедат снабдување со ЛНГ на тесниот глобален пазар.

Ако следната зима е студена, ако побарувачката се врати на претходното ниво, ако ситуацијата на пазарот на ЛНГ се заостри, ако времето продолжи да го попречува производството на енергија од ветер или ако на клучните француски нуклеарни централи им требаат дополнителни поправки или тамошните власти се соочат со штрајкови – наскоро Европа би можела повторно да се најде во дискусија за недостаток на струја или за рационализација на потрошувачката.

Европскиот континент успеа да ги задржи светлата запалени изминатава зима, но тоа имаше своја цена.

Можеше да биде многу полошо, а како што ‘Газпром’ мрачно не потсетува, кризата сè уште не е готова. „Да се поправува покривот додека сонцето грее е најстарото клише во политичките прирачници, но во текот на следните шест месеци Европа треба да ја научи лекцијата од минатата година и да се погрижи да обезбеди многу посигурно снабдување со енергија до моментот кога повторно ќе залади“, стои во заклучокот на коментарот на Метју Лин.

актуелно Владимир Путин Газпром Европа русија струја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.