Групата „Ганс ен роузис“ (Guns N’ Roses) најави дека тргнува на турнеја во рамки на која ќе свират во Европа после 23 години.
Бендот прво ќе свири во јануари во јапонија, од каде оди на Нов Зеланд, потоа во Австралија, Сингапур и
Соединетите Арапски Емирати, а во Европа турнејата ја почнуваат на 27 мај со настап во Даблин.
„Ганс ен роузис“ по концертот во Даблин ќе настапат во Париз, Стокхолм, Мадрид, Цирих, Минхен, Копенхаген, Прага и во Виена.
Фронтменот Аксел Роуз, гитаристот Слеш и басистот Даф Мекеген објавија враќање во април оваа година со настапите во Лас Вегас на кои Роуз мораше да пее седејќи поради скршеница на стапалото.
Бендот оваа година одржа турнеја во Северна и Јужна Америка, додека Роуз свиреше на неколку концерти и со „АЦ/ДЦ“, чиј фронтмен Брајан Џонсон мораше да ја напушти турнејата поради проблеми со слухот.