Во пријателски фудбалски натпревар одигран синоќа во Дортмунд, Германија и Аргентија одиграа нерешено 2:2.
Германците не успеаја да победат иако имаа водство со 2:0 до 66. минута.
Стрелци на головите за домаќините беа Серж Гнабри и Каи Хаврц.
Аргентина изедначи преку Лукас Алари и Лукас Окампос.
За Аргентина на овој меч не настапи нејзиниот најдобар играч Лионел Меси.







