Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Германија останува на страната на Македонија
Македонија

Германија останува на страната на Македонија

декември 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, поради што активностите на Германија ќе бидат решително насочено кон остварување на заедничка стратешка цел – одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјава со Унијата.

Вакви пораки вчера испратија новата германска државна министерка за Европа, Ана Лирман на средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во Берлин и амбасадорката на Германија во Македонија, Анке Холштајн, што се оценува како знак на континуитет на позициите на Берлин во насока за изградба на Европа базирана на вредности и принципи и со фокус на македонското европско досие како клучен приоритет.

„Македонското општество е подготвено за реформскиот процес за да ја доведеме дома истата Европа којашто вие ја живеете, тоа е задача на нашата генерација. Почетокот на пристапните преговори ќе ја насочи енергијата кон иднината и ќе нé направи победници во справувањето со современите предизвици како што се климатските промени и надминувањето на економскиот јаз преку продлабочена соработка, наместо кон минатото кое влече назад и во кое сите сме губитници. Нашиот случај е критично важен за позицијата на ЕУ во регионот во услови кога европскиот сон е разнишан, и многу важно за исполнување на целите на новата германска влада, меѓу кои е и Западниот Балкан“, нагласи Димитров на средбата со Лирман.

Димитров, кој беше прв странски гостин на Лирман од нејзиното стапување на должноста, во разговорите детално ги претстави достигнувањата и предизвиците на Македонија на патот кон Европската Унија, како и приказна на доследност и надеж за европската перспектива на регионот.

„Северна Македонија и регионот се дел од Европа и иако сé уште не сме дел од ЕУ, борбата за обединета, прогресивна Европа е наша заедничка борба, при што во Германија гледаме еден столб на Европа, како сила што влече кон добро и како на исклучително важен партнер – и политички и економски“, истакна Димитров.

Претходно, на средби ма Димитров со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино и со државниот секретар во германското МНР, Мигуел Бергер, беше оценето дека политиката на проширување е најважната алатка на надворешното дејствување на ЕУ, како и дека македонското евроинтеграциско досие е клучно за кредибилитетот на Унијата.

Санино на средбата посочил дека најважниот чекор напред во политиката на проширување е почетокот на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, додека Бергер бил дециден дека Германија ќе продолжи интензивно да работи на ова прашање што е наведено како приоритет и во коалициониот договор на новата Влада.

Германската амбасадорка Холштајн во интервјуто за „Дојче веле“ истакна дека официјален Берлин не поддржува никакви алтернативи за полноправното членство на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и нагласи дека очекува брз почеток на пристапните преговори на Северна Македонија.

Таа во интервјуто напоменува дека во коалицискиот договор на новата германска Влада предводена од канцеларот Олаф Шолц, има јасни насоки за натамошна поддршка за Западниот Балкан и конкретни насоки во однос на Северна Македонија.

„Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување“, рече Холштајн.

Потсетувајќи дека ЕУ е заедница на држави во која владее принципот на консензус, Холштајн во врска со спорот со Бугарија напомена дека Германија и под водството на Ангела Меркел сторила се што е во нејзина моќ „за да го ослободи патот на земјава кон ЕУ“, а вети безрезервна поддршка и од новата германска Влада на Шолц.

Во врска со тоа дека во Скопје и Софија наскоро ќе има нови влади и колку е реално очекувањето спорот да се реши до првата половина на јануари, Холштајн вели дека Македонија сторила сѐ за да биде слободен патот за првата меѓувладина конференција и дека предусловите се тука.

актуелно бугарија германија Европа македонија Никола Димитров Олаф Шолц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.