Повеќе од 300 летови се откажани, а стотина се одложени поради тоа што заради снегот и мразот се блокирани пистите на аеродромот во Франкфурт.
До 17 часот биле откажани 330 летови заради силниот снег и температурите под нулата кои го погодија регионот на германскиот финансиски центар, Франкфурт, информираа од компанијата „Фрапорт“ која стопанисува со аеродромот.
Уште летови би можеле да бидат откажани на аеродромот на кој денес биле предвидени вкупно 1.260 полетувања, наведе портпаролот на „Фрапорт“, додавајќи дека во следните часови ќе се подобри времето.
Германската агенција ДПА денес претходно пренесе дека утринава аеродромот во Диселдорф бил затворен неколку часа поради невреме.
Истовремено, железничкиот сообраќај е одложен, пренасочен или откажан ширум Северна Рајна Вестфалија.