Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија денеска ќе потпишат Спогодба за финансиска соработка 2017 година, која опфаќа реализација на два клучни проекта.
Како што соопшти владината прес-служба, станува збор за Програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза 2 и Програмата за водовод и канализација – фаза 2, чии договори за финансирање исто така ќе бидат потпишани денеска.
Со потпишување на спогодбата, германската Влада преку КфВ банката доделува девет милиони евра неповратни средства за реализација на двете значајни развојни програми за Република Македонија.







