Дали сте се запрашале колку време дневно го користите мобилниот телефон? Кристијан Монтаг, професор по психологија на универзитетот Улм во Германија тврди дека станува збор за два и пол часа.
„Најповеќе време поминуваме на Фејсбук, Инстаграм и други социјални мрежи. А тоа води кон пониска продуктивност во работата“, вели Монтаг.
Тој смета дека луѓето се во страв нешто важно да не пропуштат и затоа често ги користат „паметните работи“.
За да се спречи ова најдобро е да се постават временски ограничувања за користење на мобилните телефони во канцелариите.
Експертите советуваат дека е потребно во текот на работното време да се исклучат соопштенијата кои стигнуваат на мобилките, а на приватните мејлови и пораки дека треба да одговориме само ако е нешто итно.







