Фондот за здравство денеска ќе ги прими приватните матични гинеколози и акушери. Средбата доаѓа откако пред два дена здружението на гинеколози се заканија дека ќе престанат да работат и само ќе издаваат упати, поради како што рекоа игнорантскиот и арогантен однос на Фондот кон гинеколозите.
Од Здружението бараат покачување на капитациониот бод од 55 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата.







