Претседателот на Блокотехна, Томе Главчев, беше пресреќен по освојувањето на трофејот во БИБЛ.
„Се чувствувам многу добро. Среќен сум што успеавме да ја освоиме титулата. Сепак, се чувствувам малку тажно, затоа што ова не се случи со Кожув, кој исто така е дел од мојата историја во кошарката и им посакувам да се случи еден ден и да го имаат истиот успех. Среќен сум затоа што во Гевгелија ќе го донесеме трофејот“, изјави Главчев за официјалната вебстраница на БИБЛ.
„Ни недостигаа двајца многу важни играчи поради повреда, но другите ги оставија своите срца на теренот и покажаа максимум. Мислам дека заслужуваме да победиме врз основа на нашите перформанси“, додаде првиот човек на Блокотехна.
„Се надевам дека овој трофеј е само еден чекор од нашиот пат и ние ќе
продолжиме да се подобруваме во иднина.“







