Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Говор на љубовта кон народот и татковината
Мислење

Говор на љубовта кон народот и татковината

декември 26, 20160
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еве ме пак со нови брановити изблици на говор на омраза кон оние што се само за мразење и за ништо друго. А, за нивното зло треба гласно да се говори. Па еве го тој говор, што сам по себе суштествува како неминовсност.

Зарем се очекувало од преживеаните од Аушвиц со симпатии и политичка коректност да им се обраќаат на логорските наци-службеници, оние задолжените за одвртување на вентилите од гасовитиот цијано-водород? Не!

Така и од мене не треба да барате зорле да си ставам влакна на јазикот, кога влакната ги имам одамна трајно издепилирано. Ве уверувам, сто проценти е беспредметно да се бара од мене да бидам нежна професорка, та да не ги навредувам оние што со умисла, при полуздрава свест и целосна пресметливост не трујат нас жителите на овој проклет град, Скопје.

Инаку, паторот денес не го таргетирам, оти тој веќе има заквачено гускини – шаткини јајца за Коледе, та не мислам дека треба да се бавам со таа отстрелана и искубана птица. Но затоа, копјето за одговорноста за овој злочин ќе го зачукам точно во центарот на ќелавицата прошарана со 5-6 маслосани шпагети-алакарбонара на арпаџикот Коце.

Тој таканаречен градоначалник, градски гробар, градски штетник и стаорец од градската канализација, тој алхемичар на градските отрови и одгледувач на кобните ПМ10 честички, е токму тој Коце го гледам како апсолутен виновник за тоа што сме ние секој ден сѐ поблиску до несреќата, тешките заболувања и смртта.

Таа мрачна анахрона личност што ни ги изѕида бедемите на кич, ни ги насади спомениците на терор и смрт, токму тој е виновен за ова смртоносно загадување. Неговите гнасни рачиња, сесрдно потпомогнати од лигавите маши и пинцети, ги аминуваше смртоносните концентрации на отровите. Тој самиот не знае но и не сака да чуе како да го спаси градот од ова каталкизмично загадување со научни и аналитички методи! Неговата некадарност и незнаење не го прави Коцета да биде подобар од лудиот хемичар Џокер, којшто ќе го отруеше целиот Готам Сити, да не беше тука Бетмен.

Значи, кога мизерникот ќе ви каже дека загадувањето е од Бога предодредено и ништо не може да се направи, не му верувајте, проклетникот лаже!!! Или толку му сече!?

Еве кои итни и вонредни мерки мене, која сум неука од областа аерозагадување, ми паднаа на памет дека мора да бидат преземени поради енормното смртоносно аерозагадување на Скопје.

1. Да се воведе интервентен технички преглед за-смог тест со пониско ниво на толеранција за сите возила постари од 10 години, и да се суспендираат од сообраќај загадувачите. Но, бидејќи ова не е популистичка мерка, сељоначалникот на престојните локални избори може да изгуби гласови од возачите на тешките к’рнтии, тој решил да не труе без око да му трепне. Партијата и профитот, пред животот на народот.

2. Веднаш да се воведе системот пар-непар. Толку е едноставно и веќе испробано во рамките на СФРЈ. Еееее, ама ова сега се коси со тенденцијата за што поголема потрошувачка на гориво. Данокот од горивото ем ја пуни градската каса, ем државната, ем го обезбедува рекетот што неделно им го плаќаат нафтаџиите на ДПМНЕ.

3. Да им се прати инспекција на познатите градски загадувачи. Да се постави постојан онлајн транспарентен мониторинг на индустриските капацитети од градот, за да се покаже кој сесрдно ни ги копа гробовите. Да се затворат загадувачите додека не обезбедат европски стандарди за работа и за зачувување на околината.

4. Да се забрани употребата на најлонски ќеси. За производителите да се обезбедат субвенции за пренамена во друга дејност. Ама и на оваа промена не може да се смета, со оглед на тоа што бизнисот со ќесите да ти имал обрт од околу 2 милиона денари (или евра, сеедно) од кои гарант, преку познатото рекетарење, огромни износи се враќаат во тоа фашистичката партија ДПМНЕ. Парите од ќесите се насушни за корупција на домашни и европски парламентарци!

5. Да се затвори градот за нови жители, како што е сторено во Љубљана и Женева. Градот Скопје нема капацитет да се самопрочистува со овој обем на раст на жителите. Треба најитно да престане изградбата на нови објекти за вдомување на растечката популалцијата од ДПМНЕ што сака да ги ужива погодностите на проектот Скопје 2014. Ама и ова нема да смее мизерникот да го направи зашто преку просељачувањето на метрополата се менува гласачката структура во корист на криминалната банда.

6. Ова за догодина – да се направи приватно-јавни партнерски претпријатија за рециклирање. Општината да се јави како партнер во дејноста која ем е уносна, ем ќе вработи голем број луѓе, ем ќе ја чува нашата животна средина. Замислете, ова можеше да биде срцевината на проектот 2014, наместо сите кретенски висечки барокни столбови, умоболнички канделабри и споменици на крволочните терористи од срамното ни минато.

7. И ова за догодина – Скопје да се пошуми максимално. Да се надомести повеќекратно се што брутално испокасапија манијаците оболени од фобија од дрва. Имам непогрешиво чувство дека дрвата од градот беа немилосрдно потоморени заради безбедноста на грдиот патор. Паторот изгледа се имаше избербатено од страв некој да не се сокрие зад гранките и да не му изврши атентат без да го уснимат камерите. Ами како!!!

Конечно, знам дека арпаџикот којшто се стреми да стане кромид ќе си ги вметне овие предлози во програмата за локалните избори. Така и треба. Тоа го прави секој “чесен” арпаџик. Посредниот убиец и трујач во конц-логорот Скопје можеше да биде нешто сосем спротивно – грижлив градски ТАТКО. Само да сакаше.

Ете, ова е мојот говор на љубовта кон народот и татковината.

http://mimozaristova.blogspot.mk

аерозагадување груевски Злочин коце трајановски Пар-непар скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје

септември 7, 2026

Водата во Скопје безбедна за пиење

август 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.