Откако синоќа на Исланд, по неколкунеделни земјотреси, еруптираше вулкан, се огласи метеорологот Иван Ристиќ, кој летово предупредуваше за големи супермоќни бури.
Ристиќ за „Блиц“ изјави дека и жителите на Балканот на некој начин ќе ги почувствуваат последиците од ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес.
„Тој чад оди во атмосферата и е поврзан и со метеорологијата. Силни ветрови од северозапад одат кон Европа. Ќе дојдат и кај нас. Чадот оди право во делот каде што летаат авионите и станува опасен. Чадот оди во атмосферата, а силните ветрови кои доаѓаат од Исланд ќе стигнат до Европа. Во Србија, долу, на тлото, ќе има смог, а горе ќе биде тој вулкански чад“, вели метеорологот.
Потсети и на големите климатски промени кои не очекуваат.Вели вели дека летото ќе биде од мај до октомври, и дека сите вулкани се активни. Истакнува дека сега сите погледи се вперени во Италија, каде се очекува активност на супервулкан, кој е многу опасен.
„Италија е најопасна, има супервулкан кој се буди на секои илјада години.
Сега е 900-та година, се очекува ерупција во следните 100 години, заклучува Ристиќ за „Блиц“.
Да потсетиме, тојму Ристиќ летово предупреди дека во наредниот период во Србија се очекуваат тропски температури, но и опасност од моќни бури со огромна сила.
Експертите, вели тој, ги споредуваат со јачина на атомска бомба, и од такви бури не можете никако да се заштитите.
Само неколку дена после неговото предупредување, големо невреме ги опустоши Словенија, Хрватска, БиХ и Србија и однесе животи на шест лица.
(Фото: Илустрација / бура)







