Социјалната мрежа Инстаграм во текот на декември ќе почне да испробува нови додатоци, а тоа подразбира и одредени промени во врска со иконите и навигацијата.
Ќе забележите наскоро разлики, профилната слика ќе биде преместена во десниот агол, вашето име ќе биде со поголем фонт напишано на врвот на страницата, а бројот на објави повеќе нема да биде ист на насловната страница.
Исто така, ќе можете да видите заеднички следбеници кои ги делите со одреден корисник.
Просторот кој ги прикажува вашите следбеници сега ќе биде преместен подолу и ќе биде со помал фонт.
„Работевме на овие промени и ќе ги тестираме низ неколку фази и во различни комбинации во следните неколку недели. Ќе продолжиме со експериментирање и ќе се менуваме во склад со вашите реакции“, изјавија од компанијата.
Еве како ќе изгледаат промените: