Партијата Беса вчера ја наполни салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
На митингот беа презентирани носителите на кандидатските листи и изборната програма.
Пред присутните говореше претседателот на Беса, Билал Касам.
Социјалните мрежи и порталите вчеравечер „изгореа“ од текстови и коментари за митингот, а провладините портали, пак, „со полна уста“ го фалат настапот на Беса и констатираат дека Беса „ја растури“ ДУИ.







