Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Граѓанските иницијативи против изградбата на гасовод низ Водно
Скопје

Граѓанските иницијативи против изградбата на гасовод низ Водно

мај 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓанските иницијативи и по завршувањето на преговорите со Македонски енергетски ресурси (МЕР) остануваат на ставот против изгадба на гасоводот низ парк-шумата Водно.

Од НВО „Го сакам Водно“ порачуваат дека ќе се борат со сите расположливи средства доколку се продолжи со работење на трасата.

„По разгледување на документацијата доставена на увид, реалната слика на терен и врз основа на водените разговори со претставници од МЕР, Министерството за транспорт и врски, Простор ДОО Куманово (физибилити студија, идеен проект и надзор), Чакар партнерс ДОО Скопје (основен проект), Рапид билд ДОО Куманово (изведувачи), советници на премиерот, Град Скопје, нашиот став останува против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно – велат од “Го сакам Водно“.

Како главни причини за ставот ги посочуваат фактите што парк-шумата Водно е заштитено подрачје и дом на загрозени, ретки и ендемични видови, имањето недоследности во документацијата за градба и непостоењето на ниту еден документ со кој е одобрена градба во заштитеното подрачје, како и постоењето на алтернативна траса која поминува од северната страна на Скопје што бара минимална експропријација.

„Најголемиот дел од трасата низ Водно е државно земјиште. Но, минимална експропријација не смее никогаш да биде причина за избор на траса, особено кога тоа значи градење низ заштитено подрачје. При тоа 56 километри од целата траса, заедно со кракот за Тетово, имаат незавршен процес на експропријација и Владата само за оваа година планира да потроши околу шест милиони евра за решавање на имотно-правните односи на овој дел од гасоводот. Што значи стопирањето на гасоводот низ Водно и одобрување на алтернативна траса за тој потег, не е главната пречка за изградба на гасводот до Тетово и Гостивар – велат од „Го сакам Водно“.

Дополнителна причина, додаваат, за изборот на оваа траса низ Водно, наведена од проектантите, е што не ги сече главните водоводни цевки од Рашче кон Скопје. Но во исто време, планираниот гасоводен крак за Косово го прави токму тоа, што повторно не го оправдува изборот на трасата низ парк-шума Водно.

„Доколку се продолжи со работење на трасата низ парк-шума Водно, даваме до знаење дека ние граѓаните ќе се бориме со сите расположиви средства против. Се надеваме дека МЕР и Владата ќе одобрат алтернативна траса, со што парк-шума Водно ќе остане заштитена, а магистралинот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар ќе се изгради – порачуваат од НВО: Го сакам Водно, О2 Коалиција, Зелено Тафталиџе, Стоп на Загадувањето, ЕкоКарпош 3,2,1, Спас за Водно, Ние сме Карпош 4, Скопје смог аларм и Сакаме Аеродром да дише.

Водно Гостивар рашче скопје тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер

ноември 23, 2026

Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје

ноември 13, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.