Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груби очекува законот за јазици да биде донесен до крајот на годинава
Македонија

Груби очекува законот за јазици да биде донесен до крајот на годинава

ноември 15, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Седницата Комисијата за европски прашања на која ќе се разгедуваат амандманите за Предлог-законот за употреба на јазиците ќе биде најверојатно закажана на 22 ноември, на Денот на албанската азбука, изјави денеска претседателот на Комисијата и пратеник од ДУИ, Артан Груби.

Груби го поздрави денешното гласање за потребата од носење на законот за употреба на јазиците изразувајќи надеж дека расправата на Комисијата за европски прашања ќе помине во најдобар ред и дека законот ќе биде усвоен оваа година и ќе се постигне јазична еднаквост во Република Македонија помеѓу македонскиот и албанскиот јазик во сите органи на државната управа.

„Сакам да искажам разочарување од гласањето на ВМРО-ДПМНЕ во врска со потребата за усвојување на закон за јазикот, и се надевам дека пратениците на опозицијата ќе рефлектираат во меѓувреме така како што рефлектираа и граѓаните на изборите на 15 и на 29 октомври и дека ќе ја променат својата одлука во врска со ова прашање и ќе гласаат за усвојување на законот за јазиците и нема да бидат против“, изјави Груби.
Опозцијата најави дека ќе поднесе многу амандмани за овој закон, но Груби, како што кажа, во моментот не ја гледа потребата за ДУИ да поднесе амадмани.
„Законот за употреба на јазиците е производ на многу долги преговори помеѓу СДСМ и ДУИ и сметаме дека како политички договор би требало да помине затоа што во никој случај не се коси со Уставот на Република Македонија. Спорните прашања што ги имаше во законот веќе ги доставивме до Венецијанската комисија што се однесува до банкнотите униформита на војската и и затоа во тој поглед не гледам некоја потреба за амандманска интервенција во законот“, рече Груби.
Пратеникот на ДУИ смета дека со овој закон се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор, додека за целосна еднаквост на македонскиот и албанскиот јазик е потребна уставна интервенција која што во моментов, како што кажа, „не можеме да ја реализираме“.
Груби одговарајќи на новинарско прашање во врска со новите членови на Владата рече дека дали ќе има реконструкција на владата ќе одлучат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, коалициски партнери во Владата.
„Но едно нешто треба да е јасно реформите нема да бидат закочени по ниту еден основ“, рече Груби.
За тоа дали ќе гласаат за кандидатите на Алијансата на Албанците, пратеникот рече дека има голема загриженост во ДУИ и кај Албанците заради неоснованите обвинувања од страна на лидерот на оваа партија за Ахмети за настаните на 27 април. Груби кажа дека сметаат дека Села треба да ги повлече или да се извини за тие обвинувања.
актуелно Артан Груби закон за употреба на јазиците
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.