Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска даде исказ во Обвинителство во својство на сведок, за настаните во Собранието од 27 април.
Груби, по излегувањето од обвинителството, ги повика пратениците да дадат придонес во расветлувањето на случајот.
„Го повикувам Обвинителството да не подлегнува на политички притисоци, да го истурка случајот до крај, а осомничените од толпата да ја добијат заслужената казна“, рече Груби.
На новинарско прашање зошто се поздравува со дел од луѓето од толпата и дали не бил „заштитен“, тој напомена дека тоа се глупости и шпекулации затоа што бил нападнат како и другите.
„И Шеќеринска и Заев ги знаеја напаѓачите, но, сепак, беа нападнати“, напомена Груби.
Пратеникот од ДУИ уште еднаш повтори дека проценката Али Ахмети да не биде во собрание била да се спречи меѓуетнички конфликт.
Извесно било, според него, дека ќе го нападнеле Ахмети, за што имале дојава од безбедносните служби.







