Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски: Бесплатен оброк за учениците секаде каде што ќе победиме
Македонија

Груевски: Бесплатен оброк за учениците секаде каде што ќе победиме

октомври 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Валандово, рече дека Новата ера ќе почне со пад на невработеноста, со минимум 150 илјади нови работни места.

„Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2,5 пати повисок приход по жител – односно од пет на 12 илјади долари. Тоа значи 2,5 пати побогати граѓани, но и 2,5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата и животната средина за почист воздух и вода, вети Груевски.

Тој вети дека во новата ера секоја општина во државата, вклучително и Валандово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен оброк во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат мнозинство.

Груевски од Валандово најави два нови проекти.

„Стекнување сопствен дом кој ќе овозможи семејствата кои немаат свој дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци. Проектот ќе опфати обезбедување локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само едно евро по квадратен метар.

„Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави отпис и на долгови за социјално загрозени семејства.

„Ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30 октомври 2017 година. Ќе бидат опфатени граѓани од социјално загрозени семејства, приматели на социјална и постојана парична помош, семејства кои се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот, семејства кои се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија, нагласи Груевски.

Според него, отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новите совети на општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година.

актуелно Валандово вмро-дпмне македонија Никола груевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.