Ова што го работи СЈО е незаконски, бидејќи нивниот мандат е одамна истечен и овие предистражни постапки што ги водат практично се малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да поднесуваат никакви обвиненија или практично работат незаконски, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешниот распит во Специјалното јавно обвинителство.
„Денеска бев поканет од СЈО во својство на сведок за некоја нивна, како што кажаа прдистражна постапка. Им укажав дека ова што го работат е незаконски, дека нивниот мандат е одамна истечен и дека овие предистражни постапки што ги тераат практично се малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да поднесуваат никакви обвиненија или практично работат незаконски“, рече Груевски.







