Апелацискиот суд Скопје денеска го одбил барањето на адвокатите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да му биде вратен пасошот.
Претседателката на Судот Лилјана Шопова, како главен судија во советот за одлучување, потврдила дека барањето е одбиено.
Адвокатите на Груевски на вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд, објасниле дека бараат да му биде вратен пасошот бидејќи му бил потребен за патување надвор од Македонија, посочувајќи ја поканата што му ја упатил унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Обвинителите од СЈО, побарале пасошот да не му биде вратен, бидејќи неговото отсуство би довело до одложување на процесите што се водат против него.
Поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет во неколку предмети на СЈО.