Никос Дендијас, шефот на грчката дипломатија, по средбата со својот полски колега во Варшава, рече дека Грција бара воени отштета од Германија за воени злосторства извршени за време на двете светски војни.
„За грчката влада и грчкото општество ова прашање останува отворено, а неговото решение е, пред се, принципиелно. Мислам дека ќе биде од корист за сите вклучени земји и за ЕУ“, рече Дендијас.
Да потсетиме, министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, потпиша службена нота во која од Германија се бара да и плати воена отштета на неговата земја за штетата што ја предизвикаа нацистите за време на германската окупација во Втората светска војна.
Тој изјави дека нотата ќе биде доставена до германското Министерство за надворешни работи, а потпишувањето се случило во пресрет на неговата претстојна средба со германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, во Варшава.
Рау оцени дека нотата го одразува неговиот став дека двете страни треба „без одлагање“ да преземат чекори во однос на ефектите од германската окупација на Полска од 1939 до 1945 година на „траен, сеопфатен, правно обврзувачки и материјален начин“.







