Грција прогласи тридневна жалост за потонувањето на брод со мигранти во Јонското Море во кој се стравува дека загинале стотици луѓе, соопштија од кабинетот на вршителот на должноста премиер.
Крајбрежната стража објави дека извлекла 79 тела од морето и спасила околу стотина лица. Спасените изјавиле дека на бродот имало повеќе стотици луѓе.
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека извештаите сугерираат оти на бродот, за кој се верува дека отпловил од областа Тобрук во источна Либија кон Италија, имало до 400 мигранти.
(Фото: ЕПА/ЕФЕ)







