Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Јапонија ја погоди силен земјотрес, има повредени

јули 28, 2026

Европа ја очекува нов силен топлотен бран: Температурите ќе достигнат и до 45 степени

јули 28, 2026

Лаос воведе забрана за увоз на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување

јули 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Јапонија ја погоди силен земјотрес, има повредени
  • Европа ја очекува нов силен топлотен бран: Температурите ќе достигнат и до 45 степени
  • Лаос воведе забрана за увоз на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување
  • Германскиот индустриски сектор секој месец губи 15.000 работни места
  • Грчката планина Олимп впишана во списокот на светското наследство на УНЕСКО
  • Хамбург ги зголемува безбедносните мерки за Парадата на гордоста по нападот во Берлин
  • Откриени остатоци од басени на прастара магма под Марсовата површина
  • Цените на нафтата паѓаат по смирувањето на тензиите меѓу САД и Иран
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчката планина Олимп впишана во списокот на светското наследство на УНЕСКО
СВЕТ

Грчката планина Олимп впишана во списокот на светското наследство на УНЕСКО

јули 28, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп од пред да дена  е дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот комитет донесена на 48. сесија, што се одржува во Јужна Кореја – соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција.

Според нив, одлуката е „едно од најзначајните меѓународни признанија во областа на заштитата на културното и природното наследство бидејќи ја признава исклучителната универзална вредност на Олимп“, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимп е вклучен на списокот како мешано наследство, што, според надлежните министерства, е меѓу најсложените категории бидејќи потребно е истовремено да се докажат и културните и природните вредности на локалитетот,

Во конкретната категорија Грција сега има вкупно три заштитени подрачја откога на списокот веќе се впишани Метеора и Света Гора, а „вкупниот број впишани локалитети од Грција достигна 21“.

– Впишувањето на списокот ја препознава уникатната природна вредност на Олимп како подрачје од исклучително значење за биолошката разновидност. Со надморска височина од 2.918 метри, поради близината до бреговите на Егејското Море, големата висинска разлика, изразениот релјеф, топографската изолираност и неговата историска улога како глацијално прибежиште, Олимп е дом на 1.983 таксони, односно на повеќе од 25 отсто од грчката флора – соопштија од Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција.

Додадоа дека, паралелно, Олимп е и „траен симбол на грчката култура и на светското културно наследство како митско живеалиште на дванаесетте олимписки богови“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, осврнувајќи се на одлуката, на „Фејсбук“ напиша дека „митскиот Олимп станува планина на целото човештво, која треба засекогаш да биде заштитена!“

– Едногласната одлука на УНЕСКО да го впише Олимп во списокот на светско наследство е национален успех од огромно значење. Не само затоа што повторно ја става Грција во центарот на меѓународниот интерес и тоа паралелно со светската дебата за Хомеровите епови туку и затоа што ја потврдува волјата на земјата да го зачува и негува своето богато природно и културно наследство. Во исто време, претставува можност за развој на целиот регион што го опкружува овој уникатен биотоп – напиша Мицотакис на „Фејсбук“.

Министерката за култура Лина Мендони истакна со впишувањето на Олимп на списокот се потврдува „долгогодишната посветеност на Грција кон заштитата, афирмацијата и одржливото управување со нејзиното културно и природно наследство, во согласност со принципите на Конвенцијата за светско наследство“.

Министерот за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру потсети дека Олимп беше прогласен за прв Национален парк на Грција во 1938 година, претставува прибежиште за ретки грабливи птици, но и е дом на 28 отсто од растителните групи, односно над 1.900 вида, од кои 27 растат само на Олимп и никаде на друго место во светот.

 

 

Фото: принтскрин

актуелно впишана наследство олимп Светско список унеско
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Јапонија ја погоди силен земјотрес, има повредени

јули 28, 2026

Европа ја очекува нов силен топлотен бран: Температурите ќе достигнат и до 45 степени

јули 28, 2026

Лаос воведе забрана за увоз на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување

јули 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.