Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчките бизнисмени оптимисти за можностите за соработка и инвестиции во Македонија
Економија

Грчките бизнисмени оптимисти за можностите за соработка и инвестиции во Македонија

април 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бизнисмени од Грција кои учествуваа на вчерашниот форум во Скопје, а веќе се активни во Македонија, говорејќи за грчката новинска агенција АНА-МПА велат дека се задоволни од бизнис климата и соработката кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.

Тие изразуваат оптимизам за билатералните бизнис односи меѓу двете соседни земји особено по Договорот од Преспа.

На вчерашниот бизнис форум во Скопје учествуваа речиси 140 грчки бизнисмени кои имаа можност на Б2Б средби да разговараат за соработката со нивните колеги од Северна Македонија.

Претседателите на „ГЕК Терна“ и „Интракат“ ги споделуваат нивните искуства кај нас. Првата компанија е присутна во Македонија од 1989, втората во изминатите 10 години.

„Уште од 1989 година сме активни и сме многу задоволни од нашата соработка со луѓето. Ќе продолжиме со бизнисот и инвестициите, доколку се решат отворените прашања, вели претседателот на „ГЕК Терна“ Јоргос Перистерис.

Тој за грчката новинска агенција објаснува дека имале соработка за индустриски производи кои што ги транспортирале до солунското пристаниште, но во изминатиот период имаат прашања што треба да се решат.

„Сметам дека оваа земја и нашата земја се многу блиски. Ништо не нѐ разделува, само многу работи нѐ обединуваат, вели Димитрис Кутрас, претседателот на градежната компанија „Интракат“, која работи на изградба на болница во Штип.

Веќе активна кај нас е и компанијата за производството на производи од челик „Виохалко“, а членот на управниот одбор, испраќа порака дека Македонија е добра инвестициска дестинација.

„Врз основа на нашето искуство од оваа инвестиција, со сигурност велиме дека Северна Македонија е одлична за инвестиции, за основање бизниси кои можат да функционираат низ целиот Балкан. Постои добра инфраструктура, вработените и службите се одлични, а пораката што сакаме да ја пратиме е дека грчките компании треба оваа земја да ја видат како сериозна инвестициска дестинација со добри можности, вели Михалис Стасинопулос, членот на Одборот на директори на „Виохалко“

Претседателот на грчката алуминиумска индустрија „Алумил“, за АНА-МПА, коментира дека она што е важно е дека постои договор кој го отвора патот за соработки.

„Ние бзнисмените, независно од условите, се обидуваме да го искористиме пазарите. Кога овие пазари немаат проблеми или ситуации кои би можеле да создадат проблеми, уште повеќе го ослободуваат бизнисот. Сигурен сум дека многумина кои размислуваат за отворање бизнис во Скопје и беа некако воздржани, дека сега ќе го сторат тоа, по Договорот од Преспа, вели Јоргос Милонас.

„Моето присуство овде ја означува нашата желба да се вратиме во област каде што сме присутни во последните 30-35 години, за жал со прекини. Климата генерално не беше добра за големите проекти за кои бевме ние заинтересирани, на пример, за енергијата или за металургијата. Немаше добра клима, немаше ни пари. Не беше атрактивна бизнис дестинација, иако земјата е до нас. Многу бизнисмени преферираа да работат во Бугарија или во Турција. Овде многу помалку. Ако сега успееме да ги надминеме сите сомнежи кои сè уште постојат меѓу нас и да создадеме добра клима, мислам дека ќе постојат можности за големите компании, но уште повеќе за средните и помалите, вели претстедателот на групацијата „Митилинеос“, Евангелос Митилинеос за АНА-МПА

грчки бизнисмени инвестиции оптимисти соработака
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI

октомври 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.