Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчките медиуми за посетата на папата: Северна Македонија – балкански мозаик на различни нации и религии
Македонија

Грчките медиуми за посетата на папата: Северна Македонија – балкански мозаик на различни нации и религии

мај 8, 2019Updated:мај 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грчките медиуми во текстовите посветени на вчерашаната посета на папата Франциск на Северна Македонија акцентот го ставија на пораките што тој ги испрати за време на свечената литургија, но и на пречекот на скопскиот аеродром – традиционално со погача и сол, коментирајќи дека станува збор за прва и историска посета, јави дописничката на МИА од Атина.

„Скопје: Топол пречек за Папата Франциск“; „Иванов, Заев: Со леб и сол го пречекаа Папата во Скопје“, „Порака на мир и обединетост испрати папата Франциск од Скопје“, „Папата за прв пат во историјата ја посети Северна Македонија“; се дел од насловите во грчките медиуми.

-Порака за мир, обединетост и хармоничен соживот упати папата Франциск за време на свечената литургија одржана на централниот плоштад во Скопје на која присуствуваа над 10 илјади луѓе, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во централните изданија на вестите, со прилози, грчките телевизии информираа за посетата на папата на Скопје.

„За прв пат, поглавар на Римокатоличката црква ја посетува Северна Македонија. Папата Франциск на аеродромот во Скопје беше пречекан со сите почести. Задржувајќи го традиционалниот обичај, го послужија со леб и сол, објави грчката телевизија Скај.

„Богата со пораки, првата, а затоа и историска посета на папата Франциск во Северна Македонија, коментираше државната телевизија ЕРТ на почетокот на прилогот посветен на посетата на папата на Скопје.

„На неговото последно официјално појавување како претседател, Ѓорѓе Иванов го прими папата Франциск. Поглаварот говореше за убавината на балканскиот мозаик што го обезбедуваат различните нации и религии, испраќајќи порака за мир, а положи венец и на споменикот на Мајка Тереза, која самиот ја прогласи за светица во 2016, објави ТВ Антена.

Грчките медиуми, во текстовите, освен пораките на папата ги пренесоа и ставовите на премиерот Зоран Заев.

 

МИА

актуелно грчки медиуми Папа посета франциск
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.