Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчките медиуми за посетата на Ципрас на Северна Македонија
Македонија

Грчките медиуми за посетата на Ципрас на Северна Македонија

април 2, 2019Updated:април 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во извештаите за патувањето на Алексис Ципрас во Северна Македонија грчките медиуми акцентот го ставаат на големата делегација со која тој пристигна во Скопје, големиот број министри и бизнисмени кои го придружуваат, на пораките што ги испрати преку интервјуто за МИА, но и на историското значење на посетата, прва на еден претседател на грчка Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за МИА, вчера беше една од главните теми во Грција задно со денешната посета на Северна Македонија.

Електронските изданија на медиумите, пренесувајќи го ексклузивното интервју на Ципрас, акцентот го ставија на политичката цена, на прашањето на МИА за вратоврската од Заев, но и на договорите што се планира да се потпишат во Скопје.

„Ципрас за МИА: Договорот од Преспа имаше политичка цена“; „Премиерот во Скопје- целта е зајакнување на билатералните односи“; „Ципрас: Договорот од Преспа, донесе политичка цена“; „Ципрас: Што направив со вратоврската што ми ја даде Заев“; „Ципрас со пола влада во Скопје“; „Со четири договори Ципрас денес во Скопје“; Ципрас до Северна Македонија: Историска посета за градење заемна доверба и соработка“; „Ципрас во Скопје со 120 бизнисмени и пола влада“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

-Премиерот Алексис Ципрас за историска ја карактеризира неговата посета на Северна Македонија, прва официјална на грчки премиер на Скопје, во неговото интервју за новинската агенција МИА од соседната земја, а обраќајќи се до народот на соседната земја праќа порака за градење на заемна доверба, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот на текстот, под наслов „Алексис Ципрас: Посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји“, текст преземен од голем број на други медиуми во Грција.

Посетата на Ципрас, заедно со пораките што ги испрати говорејќи за МИА, се најдоа на дел од насловните страници на денешните изданија на грчките весници.

„100 бизнисмени „го купуваат“ Скопје“ е централниот наслов на весникот „Етнос“ за посетата на Ципрас на Северна Македонија, со акцентот ставен на 10-те министри и 120-те бизнисмени кои патуваат со грчкиот премиер, како и на спогодбите што ќе се потпишат.

Весникот „Катимерини“ објави дека освен претставници на грчките комори, во Скопје со Ципрас пристигнуваат и директори на големи грчки компании од различни области.

Голем дел од медиумите во Грција, пред сѐ грчките телевизии, во Скопје испратија новинари кои одблиску ќе ги следат посетата на Ципрас на Северна Македонија. Со јавувања во живо, како за синоќешните централни изданија на вестите, така и во утринските информативни емисии известуваат за агендата на средби и активности на Ципрас во Скопје, но и објаснуваат зошто станува збор за историска средба.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, иако главната и централна тема беа изборите во Турција, сепак преку јавувања во живо од Скопје беа пренесени пораките на Ципрас, агендата на средби и темите за кои ќе разговара.

Грчката државна телевизија ЕРТ во живо го пренесе пристигнувањето на Ципрас на скопскиот аеродром, како и пречекот пред влада, а предвидено е да ги пренесува и другите активности на грчкиот премиер за време на првата официјална посета на Северна Македонија.

Според грчките медиуми, заедно со Ципрас, министрите и бизнисмените, во Скопје пристигнува и неговата партнерка Бети Базана, која ќе има посебна програма со сопругата на премиерот Заев, Зорица Заева.

актуелно посета северна македонија ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.