Ирската полиција ги осуди денеска како „неоправдано насилство“ немирите во центарот на Даблин, што следеа после нападот со нож во кој беа повредени три мали деца и една жена.
Утрово соопшти дека се уапсени 34 лица кои учествувале во насилните нереди.
Протестите по нападот што се случи вчера попладне пред училиште на плоштадот Парнел во центарот на градот се претворија во ноќ на нереди и насилство.
Запалени се автобуси, трамваи и најмалку едно полициско возило, а беше ограбена продавница на една од најпознатите улици во Даблин, улицата „О’Конел“.
Демонстрантите се судрија со интервентната полиција, некои од нив фрлаа факели и пиротехнички средства, а други се фатија за столчиња пред рестораните и баровите.
Кога новинарите кои беа на местото на настанот ги прашаа демонстрантите зошто се таму, тие им се заканија и им рекоа дека „медиумите лажат за мигрантите“, пренесува Гардијан.
Околу зградата на ирскиот парламент, Лејнстер Хаус, вчера доцна навечер беше поставен полициски кордон, а за поддршка имаше и полицајци од ирскате коњичка гарда, поради загриженоста дека насилството може да се прошири на институциите.
Полицискиот комесар Дру Харис за немирите ја обвини, како што рече, „целосна лудачката фракција водена од екстремно десничарска идеологија“.
Проблемите настанаа после шокантните сцени вчера попладне, кога три деца и жената што се грижела за нив беа избодени со нож во близина на основно училиште.
Петгодишно девојче поради тешки повреди е пренесено во болница.
Жената е исто така тешко повредена па и таа заврши во болница. Со полесни повреди се здобиле другите две деца, петгодишно момче и шестгодишно девојче, кои по укажаната медицинска помош се пуштени дома.
Полицијата информираше дека предмет на истрагата е маж кој се здобил со сериозни повреди на местото на настанот.
Првично полицијата соопшти дека е „уверена дека нападот со нож не е поврзан со тероризам“, но на вечерната прес-конференција терористичкиот мотив не е дефинитивно исклучен.
„Никогаш не исклучив ниту еден можен мотив за овој напад… сите линии на истрага се отворени за да се утврди мотивот за овој напад“, рече комесарот Харис.
Повеќе од 400 гардисти беа вклучени во обидот да ги смират немирите.
Главниот надзорник на Гардата, Патрик Мекменамин, рече дека некои припадници на полицијата биле нападнати. Истакна дека гардата, ниту па граѓаните, не известиле за сериозни повреди.
Зборувајќи за нередите рече дека насилството немало никаква врска со сериозниот напад што се случи попладнево на плоштадот Парнел и дека тоа било неоправдано насилство.
Ирскиот претседател, Мајкл Д Хигинс, рече: „Овој ужасен инцидент е работа на Гардата и тоа што го искористија или злоупотребија групи со цел за напад на начелото на општествено вклучување заслужува осуда од сите оние кои веруваат во владеењето на правото и демократијата.“
Ирската министерка за правда, Хелен Мекенти, рече дека сцените на немирите се „неподносливи“ и посочи дека „на насилнот и манипулативен елемент не смее да му се дозволи да користи страшна трагедија за предизвикување пустош“.
„Нема да толерираме мал број луѓе да го користат страшниот инцидент за да шират поделби“, рече таа.
Обраќајќи им се на медиумите во четвртокот вечерта, комесарот на Гардата, Харис, повика на смиреност и се спротивстави на ширењето на дезинформации.
Тој рече дека некои поединци го користат трагичниот случај „за свои цели… а хулиганската фракција која е заинтересирана само за да направи некоја штета и хаос, ја користи можноста за тоа“.
„Имаме целосно лудачка хулиганска фракција водена од идеологијата на крајната десница, а потоа и оваа деструктивна тенденција вклучена во сериозно насилство“, рече тој.
(Фото: Брајан Лаулес/Профимедиа)







