Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека на Македонија и пречат српските разузнавачи , но не и пречаат американските, француските, и германските.
Изјавата Дачиќ ја даде откако македонското Министерство за надворешни работи ја повика на разговор српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ, да го објасни присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Абасада во Скопје кој е вработен во Безбедносно-информативната агенција (БИА), во Парламентот на Македонија на 27 април, кога во зградата упаднаа демонстранти.
Дачиќ потоа рече дека разговорот бил коректен и дека не станало збор за преземање мерки против Живаљевиќ.
Тој исто така го наведе и како „премногу интересно“ тоа што во македонскиот Парламент на 27 април се наоѓале и претставници на странски служби, но властите во Скопје не ги повикале нивните амбасадори.
Но, како што тие се однесуваат со нас, така ние ќе се однесуваме со нив, нагласи Дачиќ. Ние ќе се обидуваме да имаме најдобри односи со соседите.
Дачиќ забележа дека Живаљевиќ ги известувал македонските власти за сите движење и активности.







