Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дебата: Како до посилни капацитети во услови на мигрантска криза
Во Фокусот

Дебата: Како до посилни капацитети во услови на мигрантска криза

ноември 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заканите од тероризам, борбата со прекуграничниот криминал, илегалната миграција, и новите појави на криминал, се дел од искушенијата со кои се соочува Македонија и останатите држави од балканската бегалска рута, на која според проценките на експертите минаа околу еден милион бегалци.

Споделување на искуствата стекнати во справувањето со мигрантите е една од целите на тркалезната маса „Јакнење на капацитетите и ресурсите во услови на мигрантска криза на Западен Балкан“ што се одржа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, на отворањето рече дека чувството на безбедност кај граѓаните е еден од основните предуслови за изградба на просперитетно општество, а безбедноста на една земја најдобро се огледува преку безбедноста на нејзините државни граници.

– Македонија се наоѓа на меѓународните рути за недозволена трговија со наркотици, за троговија со луѓе, но за жал од неодамна и со рутата по која илегалните имигранти од Јужна Азија и Африка се движат кон земјите од Западна Европа. Македонија ги стави на располагање своите капацитети со цел да се справи со мигрантската криза, посочи тој.

Деканот на филозофскиот факултет при УКИМ Ратко Дуев рече дека целта на денешната тркалезна маса е подигање на свеста во јавноста околу можните проблеми кои што може да се случат и во иднина и претставува подготовка за летна школа, што од 11 до 18 јуни ќе се организира во Македонија.

„Повеќе има едукативен карактер. Предвидени се пет дена во Скопје за теоретски дел со предавачи од универзитети од регионот и два дена практична настава. Теренска настава каде што студентите и сите заинтересирани за доусовршување ќе можат да стекнат вештини како се крева камп, што се случува на терен. Таму ќе предаваат лица кои биле на терен и инволвирани во мигрантската криза. Ќе издадеме сертификати кои ќе носат кредити на сите учесници и ќе им се валоризира, рече Дуев.

Посочи дека летните школи се на иницијатива на Филозофскиот факултет во Скопје, Факултетот за криминалистика и криминиологија во Сараево и Универзитетот во Велика Горица, каде ќе се обучат кадри кои што понатаму ќе бидат подготвени за било какви евентуални предизвици.

Златко Николоски, главен инспектор во Националниот координативен центар за гранично управување, истакна дека околу 800.000 лица минале низ мигрантската рута, од кои 120.000 биле деца. Тој наведе податоци на ИОМ, според кои 3.000 лица ги загубиле животите во мигрантската рута при движење до саканата држава.

Посочи дека иако во 2016 рутата е целосно затворена, секојдневно има обиди за илегален влез. Николоски тврди дека Македонија се соочила како со безбедносен ризик, односно ризик на повратници на радикален тероризам што потекнуваат од регионот, така и со ризик по јавното здравје, бидејќи поголем дел од мигрантите доаѓале од земји каде владее маларија, ебола и морбили.

актуелно Африка јужна азија македонија скопје УКИМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.