Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорката Анке Холштајн, во работна посета на „Алкалоид“
Економија

Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорката Анке Холштајн, во работна посета на „Алкалоид“

август 25, 2022Updated:август 25, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“.
За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото портфолио.
Беа презентирани и големиот број инвестиции кои континуирано ги реализираше „Алкалоид“ низ годините, извозните операции на компанијата, како и големиот број активности и проекти во делот на корпоративната општествена одговорност.
Посебен акцент беше ставен врз Програмата за практикантство на „Алкалоид“ со дел од образовните институции за високо и за средно образование, која успешно се развива врз основа на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, чија цел е зголемување на ефикасноста на образовниот потенцијал и продукција на стручен и обучен кадар, кој ќе биде способен да одговори на барањата на македонскиот пазар на трудот.
Амбасадорката Холштајн го изрази своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“, како и од успешната соработка со германски компании на тамошниот пазар, особено осврнувајќи се на високото ниво на технолошка опременост и на човечкиот капитал кој управува со процесите во „Алкалоид“, со кои имаше можност да се запознае директно, преку обиколка на производствените капацитети и на Институтот за истражување и развој, каде што голем дел од инсталираната опрема е набавена од германски производители.
Во текот на посетата беа презентирани и напредните информатичко-комуникациски практики во компанијата и придобивките од САП-системот, кој, исто така, е германско софтверско решение.
„Среќна сум што имав можност да ја посетам компанијата Алкалоид, која е македонска гордост и најдобар пример за највисоки корпоративни вредности, постојан раст, вложување во развој, едукација, општествена одговорност и грижа за животната средина. Им посакувам уште поголеми успеси дома и во светски рамки.“, истакна Н.E., г-ѓа Холштајн.
Мукаетов, изрази задоволство од оваа работна средба, која е од големо значење за продлабочување на билатералната соработка.
„Вистинска чест е што денес како компанија имаме можност да го презентираме нашето работење пред Амбасадорката на Сојузна Република Германија – најголемиот трговски партнер на нашата земја.
Презентирајќи ги операциите, ние ја потврдивме нашата заложба кон глобализацијата на брендот ‘Алкалоид’ и посветеноста на континуиран раст и развој на компанијата“, истакна г. Мукаетов.
Германија е еден од најбрзорастечките извозни пазари на „Алкалоид“, од особено стратешко значење, каде што компанијата оствари пласмани од близу 3 милиони евра во 2021 година, бележејќи раст од 160 % во однос на 2020 година.
Алкалоид АД Скопје
актуелно алкалоид амбасадорка германска посета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.