Во текот на утрешниот ден од 8:00 до 10:00 часот, без струја ќе биде објектот на Сеизмологија на Долно Водно и корисниците од објектите во околината, од 8:30 до 12:00 часот, корисниците од ул. Васил Ѓоргов бр. 9, 19. 19а и 23 и корисниците од околните објекти во нивна близина, од 9:30 до 13:00 часот корисниците од ул. Козара бр.47, 47а и 49, како и од ул. Киро Гавриловски бр.3, 5, 7 и 27, во Општина Центар.
Од 9:00 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците Брсјачка Буна, Нов Живот и Злетовска, во Општина Шуто Оризари.
Струја нема да имаат и корисниците од село Усје, Општина Кисела Вода, објектот на ресторан „Фиш“ и центарот за гуми „Олимпико“, дел од корисниците од улиците „Момин Поток“ и „Скупи“ – подулици 3, 3а и 5, како и дел од корисниците лоцирани на Јадранска Магистрала, Општина Карпош и корисниците од ул.13 во населба Илинден.
Прекинот на електрична енергија во споменативе региони ќе биде меѓу 9 и 15 часот.







