Најмалку десет луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени денеска откако дрвена трибина за гледачи се урна за време на православниот христијански празник Богојавление во етиопискиот град Гондар, соопштија локалните здравствени власти.
„Досега имаме десет загинати. Бројот на повредените е 100, а можеби и 150 лица, истакна еден лекар во универзитетската болница во Гондар.
Се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.







