Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Засега немаме двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство
Македонија

Дескоска: Засега немаме двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство

февруари 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Носењето законот за јавното обвинителство ќе биде еден од клучните моменти што ќе бидат пресудни во одлуката за отворање преговори, имајќи ги предвид препораките од меѓународната заедница, особено од Европската Унија.

Мислам дека сите политички партии што се залагаат за отворање на преговори треба да го имаат тоа на ум и да бидат свесни дека на крај сé што направивме може
да биде залудно ако не ја дадат поддшката за Законот за јавно обвинителство.

Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска денеска во Скопје пред промоцијата на Првиот национален извештај за перформансите и реформите во правосудството.

„Има јасни насоки од ЕУ во врска со законскиот текст. Секако ние тргнуваме од законски текст што би бил идеален, но под црвените линии, под она што значи европски стандард во регулирањето, ние не смееме да паднеме, бидејќи тогаш ќе биде џабе носењето на законот. Значи закон што нема да добие преодна оценка во ЕУ, воопшто нема да биде пуштен во Собрание“, рече Дескоска.

Министерката за правда посочи дека во моментот нема обезбедено двотретинско мнозинство од пратениците во Собранието за законскиот текст што беше изработен од Министерството за правда во консултација со странски експерти.

„Станува збор за решение што ќе овозможи квалитетен систем на јавно обвинителсто во кое Специјалното јавно обвинителство ќе има своја улога во гонењето висока корупција и секако продолжување на сите предмети што се почнати во СЈО, без разлика дали се во фаза на обвинение, во истрага или претистрага“, истакна таа.

Во тој контекст додаде дека текстот што го изработи Министерството за правда ги содржи овие одредби, и е испратен до пратениците кои треба да обезбедат дво-третинско мнозинство во Парламентот.

Дескоска појасни дека станува збор за закон со кој е регулирано Јавното обвинителство и во тие рамки и Специјалното јавно обвинителство.

„СЈО е разграничено од другите обвинителства и особено од Обвинителството за организиран криминал, со тоа што ја фокусиравме неговата надлежност на гонење на висока корупција. Значи не сите дела што би ги вршиле функционери, туку оние што се поврзани со нив за корупција, како попречување на правда, влијаење врз сведоци… Тоа беше една од препораките што ја добивме од меѓународните експерти дека е
добро да врземе само висока корупција со цел да не се разводнува работата“, истакна Дескоска.

Појасни дека со законот се предвидува продолжување на надлежноста на СЈО за сите предмети што ги работеле во сите фази, со цел да нема никаква одредба што би значела затскртивање и амнестирање со закон на било каков криминал.

„Од аспект на поставеноста СЈО е посебен орган во рамки на ЈО, како и другите, со тоа што има и одредени гаранции што треба да му овозможат да има ефикасни механизми во борбата против највисоката корупција што тие ќе ја гонат“, рече Дескоска и додаде дека го вклопуваат СЈО во системот со одредени гаранции што треба да му овозможат целосна независност во вршење на функцијата.

Во новото законско решение во однос на мандатот на обвинителите од СЈО, Дескоска рече дека во консултацијата со експертите било посочено да се размислува за мандат од една до две години.

„Тоа беше препораката што ја добивме со цел да се овозможи континуитет и да се овозможи систем со кој нема целото обвинителство во ист момент да биде сменето. Тие предложија периодично ротирање, односно една третина од обвинителите да се смени во еден период, потоа втората третина и на крај третата, за да се овозможи еден континуитет. Значи во рок од тие две години да има постапно менување на обвинителите, со цел новите што ќе дојдат да можат да ги продолжат случаите што се почнати“, истакна министерката за правда.

Претседателот на Здружение на судии и судија во Врховниот суд, Џемали Саити одговарајќи на новинарско прашање рече дека Врховниот суд не го безглави СЈО, туку постапи согласно надлежностите што ги поседува, искажувајќи правно мислење во врска со членот 22 од Законот за СЈО во однос на надлежноста.

„Правното мислење не направи упад во правниот систем, туку напротив ќе ги забрза процесите во однос на вистинско изнаоѓање на местото на СЈО во однос на правниот систем. Не се согласувам со некои видувања дека Врховниот суд ги презеде надлежностите на Собранието, затоа што тоа не е толкување, туку објаснување на примената“, рече Саити.

Во тој контекст потсети дека такви ситуации имало и во 2009 и во 2011 година кога Врховниот суд дава објаснување во врска со постапки по жалба по одлуки на Управен суд.

„Ова не е прв пат Врховениот суд да се обиде да ги промовира принципите на владеење на правото и правната сигурност и да објаснува примена на одредби“, додаде судијата Саити

актуелно Закон на Јавно Обвинителство Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.