Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Детектор анкета: Граѓаните се против увоз на отпад и целосно подготвени да почнат со селекција
Македонија

Детектор анкета: Граѓаните се против увоз на отпад и целосно подготвени да почнат со селекција

јануари 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Речи си и да нема граѓанин кој не се противи на политиката на увезување на отпад, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари годинава со маргина на грешка од плус-минус 3 проценти.

Според истражувањето, 89,6 отсто од граѓаните се против увезување на отпад во Македонија, додека само 3,9 проценти даваат поддршка. Од анкетираните 49,1 отсто сметаат дека во Македонија е дозволен увоз на отпад од други држави, 27,4 сметаат дека има забрана додека 23,4 отсто велат дека немаат информација. Близу две третини од граѓаните или 65,9 отсто сметаат дека во државата се уште има опасен отпад како последица од работењето на одредени институции додека 11,9 отсто мислат дека сето тоа е исчистено.

Од анкетираните 63,9 отсто сметаат дека депониите не работат во согласност со законските норми, додека 15,1 процент се на став дека тие работат законски. За 48,4 отсто од анкетираните бројот на диви депонии во изминатите неколку години се зголемува, 25,9 отсто сметаат дека останува ист, а само 7,1 процент се на ставот дека бројот на диви депонии во споредба со минатите години е намален.

Според анкетираните граѓани, членството во Европската Унија ќе помогне полесно да се надмине проблемот со менаџирање на отпадот. Ваков став делат 40,9 отсто од анкетираните, 26,4 проценти сметаат дека нема да има некоја разлика, додека 15,7 отсто сметаат дека по членството во ЕУ уште потешко ќе се надмине проблемот со менаџирање со отпадот.

Истражувањето на Детектор покажува дека за граѓаните е многу важно решавањето на проблемот со менаџирање на отпадот. Важноста на решавањето на овој проблем на скалата од 1 до 5 дури 58,7 проценти од граѓаните го оцениле со „петка“ додека 16,3 отсто со „четворка“. „Тројка“ ставиле 15,2 отсто, за „двојка“ се одлучиле 5,8 и само 1,3 отсто за единица.

Огромно мнозинство граѓани или 88,2 отсто велат дека се подготвени да го селектираат својот отпад доколку за тоа постојат соодветни услови, додека само 3,2 проценти не би селектирале. Сепак, во моментов, само 24,6 отсто од граѓаните го селектираат својот отпад, 34,7 тоа го прават само делумно а 39,2 отсто воопшто не селектираат.

Дека граѓаните се подготвени да се вклучат во подобрувањето на квалитетот на животната средина покажува и податокот дека 72,9 отсто од нив сметаат дека законски треба да се ограничи користењето на пластика за една употреба додека 12,9 проценти се против. Сепак, дури 82,7 отсто велат дека се уште користат пластични кеси за една употреба, додека само 15,7 проценти велат дека не го прават тоа.

Анкетата на Детектор покажува дека во моментов, 83 проценти од граѓаните се приклучени на канализациската мрежа, додека 15 проценти се уште дома немаат канализација.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари годинава со маргина на грешка од плус-минус 3 проценти.

актуелно отпад увоз
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.