Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Деца од Црна Гора ја посетија куќата на Дедо Мраз во Кавадарци
Забава

Деца од Црна Гора ја посетија куќата на Дедо Мраз во Кавадарци

декември 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Четириесет и пет деца од Црна Гора синоќа ја посетија куќата на Дедо Мраз во Кавадарци. Се работи за дворот од домот на кавадаречкото семејство Вареловски, кој веќе дваесет години по ред е украсен околу Нова година, а сопственикот во улога на Дедо Мраз им дарува подароци на децата посетители.

Црногорските ученици од седмо, осмо и деветто одделение, денеска ќе посетат и винарија. Директорот на училиштето „Братство и единство” од Рожаје, Музафер Мујовиќ, изрази задоволство и благодарност за големиот труд и енергијата кои Вареловски ги вложуваат, ширејќи соработка и љубов. Им се заблагодари и на сите кои ја поддржуваат оваа акција, како и на претставниците на Амбасадата на Црна Гора во Македонија кои го препознале значењето на оваа соработка и го потврдиле тоа со своето присуство во Кавадарци. Пренесе поздрав и поддршка од Министерството за образование на Црна Гора.

„Нашата установа го носи името кое како синтагма носталгично не потсетува на времето кога бевме единствена држава и кога можностите за различни врски помеѓу луѓето од овие простори беа многу поголеми, додаде тој.

На домаќините им посака се најубаво во иднина. Им врачи благодарница за посетата на куќата на Дедо Мраз и дведецениската хуманитарна работа, како и подарок слика на која е претставен заштитникот знак на нивниот град, кој е збратимен со Кавадарци.

– Ова е единствена прилика да се доживее вакво нешто. Мислам дека нашите деца се одушевени од оваа посета. Одовде ќе понесеме само најубави впечатоци. Секако дека повторно би сакале да дојдеме, рече Мујовиќ.

Домаќинот Ѓорѓи Вареловски, во улога на Дедо Мраз, рече дека е среќен секогаш кога ги гледа децата задоволни, затоа што, како што нагласи, зборовите на радост изречени од младите, допираат до душата и срцето.

„Оваа година сум повторно најсреќен затоа што славам триесет години брак, дваесет години откако го правам ова хумано и добро дело. Да израдуваш секоја година дечиња, е нешто прекрасно. А најголемата радост е што го добив и првиот внук. Голема благодарност до луѓето од Рожаје, до директорот, што ја прифатија понудата, ова ми ја полни душата. Треба да разбереме дека дружбата помеѓу луѓето е нешто феноменално.

Затоа ми е многу мило што и самото име на црногорското училиште има симболично име. Треба секогаш да негуваме братство и единство, без разлика на вера и нација. Сакам сите ние да се чувствуваме најубаво. Затоа секогаш имам една изрека –  Доколку имаш пари, ако видиш до тебе некој што нема, подели му од твоите пари и нему. За и тој да биде среќен. Тогаш двајца ќе бидат среќни и ќе биде многу поубаво, додаде Вареловски.

Упати благодарност и до кавадаречкиот градоначалник, до Црногорската амбасада и на сите оние кои помогнале на  каков било начин.

„Сметам дека овој настан е своевиден амбасадор на градот. Мислам дека Кавадарци ќе биде препознатлив по Дедо Мраз. И тоа вистински. Не ги знам до толку големите броеви за да кажам колку сијалички и колку лампиони има во мојот двор, затоа што навистина многу ги има, станува збор за многу голема бројка. Ова е една уметност. Ми требаше годинава околу еден месец за да украсам се. Пресреќни сме не само јас, туку и целата моја фамилија, тоа е убавата работа во сево ова. Навечер работиме и до полноќ. Секојдневно примаме гости, кој ќе дојде е добредојден. За сите има подароци од Дедо Мраз, рече тој, упатувајќи порака до сите деца да бидат среќни и весели.

Во име на амбасадорот Предраг Митровиќ се заблагодари Татјана Перовиќ Митрова, шеф на одделението за економски прашања и туризам при Амбасадата на Црна Гора во Република Македонија.

„Со задоволство ја прифативме и поддржавме иницијативата за заедничко дружење. Двете земји навистина се чувствуваат како братски народи, немаат никакви отворени прашања, нагласи таа.

Задоволство изразија и децата кои беа во посета кај Вареловски.

амбасада дедо мраз Кавадарци кука рожаје црногорска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Месечен хороскоп за октомври 2026: Дознајте што ви носат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето

октомври 2, 2026

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

септември 29, 2026

Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен почна

септември 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.