Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДЗР: Реализирани се само 52 отсто од планираните активности за реформа на јавната администрација
Македонија

ДЗР: Реализирани се само 52 отсто од планираните активности за реформа на јавната администрација

март 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во однос на кадровските капацитети за исполнување на реформските цели, од ДЗР утврдиле дека има чести промени, недоволна кадровска екипираност, како и нецелосна реализација на надлежностите на телата одговорни за процесот на реформа и неефикасна вертикална и хоризонтална координација и комуникација на сите учесници во процесот.

Вкупно планирани средства за спроведување на мерките од Стратегијата изнесуваат околу 30 милиони евра, при што најголемо учество од над 56 отсто се обезбедени од фондови и инструменти на ЕУ. Не се остварени транспарентност, отчетност и следење на потрошените финансиски средства во буџетот на државата

Имајќи предвид дека согласно новата методологија за пристапување кон Европската Унија, реформата на јавната администрација е област која е дел од преговарачкиот процес во рамките на кластерот „Фундаментални вредности“, Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на успешност на тема „Реформа на јавната администрација“, со цел да се види дали преземените активности од надлежните институции обезбедуваат ефикасно спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-202Со ревизијата, како што информираат од ДЗР, констатирано е дека роковите за донесување на клучните закони за спроведување на реформи во јавната администрација континуирано се одложуваат. Како пример ДЗР ги посочува постапките за донесување на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за високо раководна служба кои се отпочнати во 2019 година и истите се уште траат.

Заводот за ревизија забележува и дека има често именување на вршители на должности – в.д. директори.

„Во периодот од 2018 до 2021 година, 52 отсто од вкупниот број на именувани раководни лица се в.д. директори или нивни заменици, чиј избор е без објавување на јавен оглас, што влијае врз професионализацијата на високата раководна служба, доброто управување во институциите на јавниот сектор и ја намалува отчетноста на постапката на избор на раководни лица на институциите. Има отсуство на документација за начинот на планирање и изработка на стратегијата, од причина што истата не е дел од архивата на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), а лицата кои управувале со овој процес не се повеќе вработени во МИОА, со што не се обезбедува институционална меморија за процесот“,велат од ДЗР.

Оттаму додаваат дека е донесен ревидираниот акциски план за спроведување на стратегијата, со кој се извршени промени кај 33 отсто од планираните активностите, дефинирани се нови активности, вршени се промени во роковите на спроведување и на индикаторите за мерење на успешноста како и намалување на износот на планираните финансиски средства.

Во однос на кадровските капацитети за исполнување на реформските цели, од ДЗР утврдиле дека има чести промени, недоволна кадровска екипираност како и нецелосна реализација на надлежностите на телата одговорни за процесот на реформа и неефикасна вертикална и хоризонтална координација и комуникација на сите учесници во процесот.

„Советот за реформа на јавната администрација е највисоко политичко тело за координација на активностите. Во периодот од 2018 до 2022 година извршени се шест промени во неговиот состав како последица од постојаните структурни промени во Владата, со одржани само седум состаноци за период од четири години, а од последната од јули 2021 година до крајот на 2022 година, повеќе од една и пол година, не е одржана нова седница. Вкупно планирани средства за спроведување на мерките од Стратегијата изнесуваат 1 802 140 илјади денари односно околу 30 милиони евра, при што најголемо учество од над 56 отсто се обезбедени од фондови и инструменти на ЕУ. Не е остварена транспарентност, отчетност и следење на потрошените финансиски средства во буџетот на државата, бидејќи освен МИОА, другите институции немаат отворено посебна потпрограма во рамки на Владината програма К – Реформа на јавната администрација. Од вкупно 205 планирани активности, реализирани се само 106 активности што претставува 52 отсто реализација“велат од ДЗР.

 

Ревизорите забележуваат и дека МИОА нема воспоставено систематизирана евиденција за секоја активност од стратегијата, полугодишните и годишните извештаи не содржат податоци за планирани и реализирани средства, четвртиот годишен извештај од 2021 година не содржи целосен финансиски преглед и дадена е анализа само за потрошени средства во износ од 1 111 359 илјади денари, односно за околу 18 милиони евра, што претставува 61% отсто од вкупно планираните средства за период 2018-2022 година.

„Не е воспоставен ИТ-систем за следење, оценување и известување за реформските активности, со што не се создадени услови за систематското прибирање и обработка на информациите и податоците заради оценување на степенот на спроведување на реформите во јавната администрација“утврдиле ревизорите.

Имајќи предвид дека функционална јавна администрација е предуслов за транспарентно и ефективно демократско владеење, за надминување на констатираните состојби, до надлежните институции и телата за координација на активностите, Државниот завод за ревизија дал препораки кои се во функција на подобрување на зајакнување и создавање на ефикасен системот на планирање, спроведување, следење, оценување и известување за реализацијата на активностите на новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2023-2030, со цел успешна реформа на јавната администрација, како стратегиска цел на државата.

 

 

ИЗВОР: МИА

администрација актуелно дзс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.