Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДИК го повика на распит ИО од Центар за гласање без потпис во Избирачкиот список
Во Фокусот

ДИК го повика на распит ИО од Центар за гласање без потпис во Избирачкиот список

октомври 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) со мнозинство гласови одлучија да ги повикаат членовите на Општинската изборна комисија (ОИК) од скопската Општина Центар и Избирачкиот одбор од избирачкото место 2806/1, бидејќи при увидот во материјалите од гласањето во првиот круг на локалните избори во неделата се утврди дека му било дозволено на граѓанин да гласа без да се потпише во изводот од Избирачкиот список.

Исто така, врз основа на забелешката внесена во записниците по гласањето граѓанинот одбил да ги земе ливчињата за гласање за градоначалник и совет на Центар. Во ова избирачко место ДИК констатираше дека во сите четири кутии било пронајдено вишок по едно избирачко ливче.

Приговорот за гласањето во ова избирачко место го поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупниот број потпишани лица во Избирачкиот список изнесува 351, додека збирот на ливчињата што биле во кутиите изнесува 352.

Невенка Стаменковска овластен претставник на партијата ВМРО-ДПМНЕ, бараше поништување на гласањето на ова избирачко место и исто така кажа дека сите приговори поднесени од оваа политичка партија даваат јасна слика за тоа што се случуваше на локалните избори во неделата, дека нивните претставници во избирачките одбори констатирале низа сторени неправилности.

Според Стаменковска, сите овие настани не биле карактеристични за изборите што досега биле организирани во Република Македонија.

По увидот во записниците од гласањето во избирачкото место 28-6/1, седуммина членови на ДИК гласаа да се повикаат членовите на Избирачкиот одбор и на ОИК бидејќи, како што констатира претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, фали потпис во Избирачкиот список и постои несовпаѓања во бројот на потпишани гласачи во Избирачкиот список и ливчињата во четирите гласачки кутии.

Против повикувањето на Избирачкиот одбор гласаа членовите Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, кои сметаат дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ е конфузен и дека не се гледа за што подносителот бара поништување и исто така тие двајца се повикуваат и на забелешката внесена во соодветниот записник на Избирачкиот одбор во која се објаснува дека гласачот одбил да се потпише во Избирачкиот список и не ги зел ливчињата за гласање за градоначалник и за Совет на Општина Центар.

Сашо Срцев предложи да се повикаат Избирачкиот одбор и ОИК и да се направи увид во целокупниот материјал од гласањето и за него е спорно тоа што на граѓанинот му е дозволено да гласа без да се потпише во Избирачкиот список.

„Прво се потпишува во Избирачкиот список, па се даваат ливчињата за гласање, рече тој.

Во избирачкото место 2806/1 во Општина Центар во избирачкиот список има запишано 527 гласачи.

Членовите на ДИК попладнево ја почнаа расправата и за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 2582/1 за Ѓорче Петров каде се бара поништување на гласањето за градоначалник на Град Скопје.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ како причина за ова барање го наведуваат тоа што во кочанот со избирачките ливчиња за градоначалник на Град Скопје имало 22 гласачки ливчиња за членови на Совет на Град Скопје, од кои шест биле искористени и ставени во кутијата за градоначалник.

Членовите на ДИК побараа од службите да им ги достават записниците од Избирачкиот одбор и од ОИК за гласањето на ова избирачко место во Ѓорче Петров каде што има 658 гласачи.

Претходно ДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за две избирачки места во Прилеп.

Денеска пред почетокот на седницата за разгледување на приговорите за резултатите од првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата ВМРО-ДПМНЕ повлече три од поднесените 43 приговори. Овие приговори се однесуваат за гласање и сумирање резултати за избирачки места во повеќе општини.

По еден приговор за неделните локални избори имаат поднесено Алијанса за Албанците за Гостивар, ТМРО за гласањето во Град Скопје и Левица за Куманово.

актуелно вмро-дпмне ДИК Дума македонија Чичаковски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.