Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче
Политика

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче

март 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната изборна комисија на денешната 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието.

Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:

1 – Демократска партија на Албанците – ДПА

2 – Политичка партија Демократи

3 – СДСМ и Коалицијата Можеме

4 – Левица

5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива

6 – Глас за Македонија

7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ

8 – Интегра

9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ

10 – Социјалдемократската унија – СДУ

11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија

12 – МОРО работничка партија

13 – Народна партија на Ромите

14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија

Од ДИК нагласија дека ова е нивна законска обврска и дека ќе работат се додека не биде одлучено поинаку.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека поради прогласената вонредна состојба од претседателот на државата за справување со пандемијата на вирусот Ковид 19, Владата ќе треба да донесе одредени одлуки.

„Ние ќе ги следимие тие одлуки. Се надевам дека во текот на денешниот ден ќе се случи тоа и во текот на утрешниот ден ќе преземеме дополнителни чекори со што на некој начин би завршил овој процес до тука, а за понатаму ќе видиме како ќе се развива ситуацијата и како ќе се надминува состојбата со пандемијата, така ќе се однесуваме сите ние“, изјави Дерковски.

ДИК на почетокот на денешната седница едногласно ги утврди поднесените листа на ГДУ, Интегра, МОРО работничка партија, Единствена Македонија, Политичка партија Демократи и Левица со што се потврдени се сите 14 од вкупно 15 кои поднесени.

Според роковникот останува уште една партија „Твоја партија“ чиј рок истекува утре.

Откако ќе ги комплетира сите листи „Твоја партија“ ќе го добие редниот број 15 на гласачкото ливче.

Носители на листи на Граѓанско – демократска унија се во ИЕ 1 – Ана Глигорова, ИЕ 2 – Есед Јусуфовски, ИЕ 3 – Петар Колев, ИЕ 4 – Добре Митрев, ИЕ 5 – Даниел Јордановски и за ИЕ 6 нема поднесено кандидатска листа.

На партијата Интегра – Македонска конзервативна партија носители се во ИЕ 1 – Љупчо Ристовски, ИЕ 2 – Александар Главинов, ИЕ 3 – Сузана Чесмаџиска, ИЕ 4 – Воислав Зафировски, ИЕ 5 – Николче Талевски и ИЕ 6 – Виолета Србиновска.

Носители на листи на МОРО – работничка партија во ИЕ – Атанас Трајковски, ИЕ 2 – Горан Зафировски, ИЕ 3 Светлана Здравковска, ИЕ 4 – Киро Јовчевски, ИЕ 5 – Жарко Гроздановски и ЕИ 6 – Иван Јанкуловски. На Единствена Македонија – носители се во ИЕ 1 – Биљана Чинго, ИЕ 2 – Јове Кекеновски, ИЕ 3 – Вангел Симев, ИЕ – 4 Јанко Бачев, ИЕ – 5 Ацо Николовски и ИЕ 6 – Љупчо Столевски.

Носители на листата на Политичка партија Демократи се во ИЕ 1 – Катерина Тодоровска, ИЕ 2 – Христина Гаши, ИЕ – 3 Жарко Кучишки, ИЕ 4 – Никола Бујуклиев, ИЕ 5 – Јорго Огненовски и ИЕ 6 – Изет Зејделовиќ.

На Левица носители се во ИЕ 1 – Димитар Апасиев, ИЕ 2 – Реџеп Исмаил, ИЕ 3 – Борислав Крмов, ИЕ 4 – Бранко Ристов, ИЕ 5 – Јована Мојсовска и ИЕ – 6 Сенада Ибраимова.

Претседателот на ДИК информираше дека сите листи биле комплетни и навремено поднесени.

актуелно гласачко ливче ДИК редослед
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.