Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Груевски имаше фер судење
Македонија

Димитров: Груевски имаше фер судење

ноември 21, 2018Updated:ноември 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Иронија е и парадокс земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик. Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи и интересот за добри односи со Унгарија“, рече денеска министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

„Во речниците случајот за Груевски може да се води под иронија и парадокс, бидејќи се работи за човек под чие што владеење Европската комисија ја дефинираше Македонија како заробена држава и имаме заклучок од Советот за општи работи од јуни годинава каде се бара правна разврска и одговорност за индициите за кривични дела што произлегуваат од прислушкуваните разговори поддржани од Европскиот совет. И сега Македонија како земја кандидат прави сѐ во Македонија да владее правото и навистина е иронија и парадоксално што човек што има пресуда, осуденик којшто се соочува и со четири други обвиненија и со пет истраги да најде заштита и добие азил во земја членка. Ова е проблем за Македонија, меѓутоа е проблем и за ЕУ и за кредибилноста на принципот на владеење на правото во ЕУ. Ние имаме еден сложен терен сега и ќе ги земеме предвид сите наши интереси меѓу кои и интересот за добри односи со Унгарија во решавањето за тоа што ќе правиме и како ќе правиме“, рече Димитров.

Тој најави дека со неговиот унгарски колега Петер Сијарто ќе имаат средба на маргините на министерскиот состанок на НАТО на 4 и 5 декември, на којшто отворено ќе разговараат за овој случај.

Во врска со судењето на Груевски, Димитров нагласи дека тоа било следено од ОБСЕ и од претставници на ЕУ и дека никогаш не добиле поплака, а неодамна Стејт департментот го окарактеризира како фер и транспарентно судење и дека не е доведен во прашање кредибилитетот на процесот.

„Немаме никаква пријава во МВР за закана по живот. Груевски имаше шест обезбедувачи по негов избор согласно Законот. Ако имаше несигурност можеше да побара уште. Така што, по сево ова, ние мораме да продолжиме да инсистираме. Ниту за нас, ниту за Европа, ниту за Унгарија е добро кога има неселективна правда“, истакна македонскиот шеф на дипломатијата.

Запрашан дали постои опасност и други земји да го следат овој пример на Унгарија да ги прифатат нејзините приговори во однос на состојбата со правосудството и да нѐ блокираат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, Димитров рече дека Македонија ќе инсистира на своите принципи и државниот интерес.

„Не сѐ што се случува е по наша волја. Наше е да инсистираме на принципите да објаснуваме. Кој било што ја следел ситуацијата во Македонија и сите извештаи од 2015, наваму ќе знае да процени, а тоа меѓу другото и се случува. Ќе работиме на тоа да се држиме до нашите принципи и нашиот државен интерес“, вели Димитров.

Според него, никој нема корист кога не се почитува владеењето на правото и убеден е дека со оглед на оценките за тој процес нашиот кредибилитет е многу цврст по ова прашање.

„Принципот на владеење на правото е силен државен интерес и тој ќе биде земен предвид при сите идни контакти и чекори што како дипломатија ќе ги направиме со Унгарија. Меѓутоа, да најавувам нешто апсолутно ќе штети на самиот интерес. Ние имаме интерес Унгарија да нѐ поддржи за НАТО членство, за почеток на пристапни преговори. Така што сето ова заедно мора да се земе предвид и треба практично да ги убедиме дека и за нив е голем минус да се прави компромис со принципот на владеење на правото“, посочи Димитров.

актуелно дипломатија македонија Никола Гриевски Никола Димитров ОБСЕ Унгарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.