Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров за Политико: Кредибилитетот на ЕУ е во прашање
Македонија

Димитров за Политико: Кредибилитетот на ЕУ е во прашање

јуни 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Политико Европа во денешното издание ги анализира напорите на македонската дипломатија да ги убеди земјите членки и посебно францускиот претседател Емануел Макрон, да одобрат датум за преговори со ЕУ во најкус можен рок.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во разговор со Политико Европа, вели дека неговата задача во овој поглед е да стави на знаење на Франција дека ќе биде тешко да биде видена како земја која се амбицира да ја води Европа, а истовремено ги пропушта можностите за успех во Европа.

Макрон, според Политико Европа, е еден од европските лидери кои ќе треба да се убедат на претстојниот Совет на ЕУ да одобрат зелено светло за преговори со Северна Македонија и Албанија, но, потенцира весникот, француската страна сѐ уште не заземала конечен став по ова прашање.

Како што пишува авторот, за Македонија е посебно важно оваа година да добие датум за преговори со оглед на вложените напори во решавањето на спорот за името, кој цела деценија го попречуваше евроатлантскиот пат на земјата.

Во разговорот со Политико Европа, Никола Димитров потсетува дека политиката на проширувањето е показател за моќта на привлечноста на Европската Унија.

„Успеавме да ги ставиме земјите членки во фокусот и да создадеме атмосфера каде ќе биде речиси срамно да му се каже не на македонското досие оваа година, затоа што одбивањето ја загрозува сериозноста на ЕУ кон регионот, кој е географски во Европа и опкружен со земји членки на ЕУ, така што во прашање сега е кредибилитетот на ЕУ, вели Димитров.

Но, според дипломатски извори во Париз на кои се повикува авторот на статијата, Франција сѐ уште нема јасен став за тоа дали ќе одобри преговори со Македонија и Албанија, или само на една од двете, ниту кога.

„Секогаш сме биле јасни дека избрзувањето во проширувањето е ризично затоа што има лицемерие, им даваме на овие земји чувство дека утре ќе бидат во Европа кога всушност за тоа треба многу време, и и даваме впечаток на јавноста дека има само политика на проширување наместо продлабочување на ЕУ прво, вели дипломат од Елисејската палата за Политико Европа.

Според Политико, Париз порачал дека одлуката за преговорите со Македонија ќе се постигне на „француско-германски начин“, односно дека двете водечки земји во ЕУ ќе се обидат да изнајдат компромис по ова прашање во рамки на пошироки дискусии за Европската Унија.

актуелно димитров ЕУ кредибилитет политико прашање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.