Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Многу е тешко некоја земја членка на ЕУ да каже „не“ за македонската приказна во 2019 година
Македонија

Димитров: Многу е тешко некоја земја членка на ЕУ да каже „не“ за македонската приказна во 2019 година

мај 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Врз основа на реформските процеси и врз основа на решавањето на билетаралните спорови оваа година имаме многу силен случај. Многу е тешко некоја земја членка на ЕУ да каже „не“ за македонската приказна во 2019 година, тоа е сегашната ситуација, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров во врска со тоа дали земјата ќе добие датум за почеток на преговори во јуни годинава.

Според него, постои мала конфузија во читањето на пораките од Берлинскиот самит.

„Процесот е секогаш во три чекори-Европската комисија го објавува извештајот, државите го читаат, го анализираат, го споредуваат со свои информации, потоа  го разгледуваат во рамките на Советот за општи работи, а потоа во Советот на ЕУ донесуваат политичка одлука, рече Димитров.

Тој на прославата на 50-годишнината од Министерството за надворешни работи се осврна на историјатот на министерството кое почнало како Биро за односи со странство на 29 април 1969 година, а подоцна прераснало во Секретаријат за односи со странство.

„Горди сме што во последните две години ја вративме честа на дипломатијата. Имаме 19 дипломати од кариера со оваа влада од кои пет амбасадори се жени, со што се трудиме да ја постигнеме родовата еднаквост. Амбасодрки има во ЕУ, Лондон, Париз, Стокхолм и Љубљана, рече Димитров.

Тој истакна дека никогаш во историјата немало ваква група професионални кадри со дипломатско искуство во однос на испразнетите амбасадорски места дека оваа ситуација ќе се реши по завршувањето на изборите.

Во однос на новиот закон за МНР, Димитров рече дека се во фаза на подготовки и дека сака да се менуваат многу работи, пред се министерството да се заштеди од политички влијанија, а целта е да се направи систем во кој ќе се вреднува способноста на одредена личност за вршење одредена функција.

Пред присутните на одбележувањето на 50 години од македонската дипломатија се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, нагласувајќи дека јубилејот се случува во исклучително важен период за нашата држава и додавајќи дека министерот Димитров направил исклучителен исчекор во однос на родовата рамноправност.

На одбележувањето беше и премиерот Зоран Заев кој напомена дека во клучна година за евроатлантските интеграции на земјава се одбележуваат 50 години од македонската дипломатија.

Целта во моментов, рече Заев е да делуваме активно и конструктивно во меѓународните односи и да ја промовираме државата како кредибилен и релевантен соговорник во сите меѓународни организации.

Истакна дека во моментов земјата седи на иста маса со останатите земји членки на НАТО, а е и на чекор на прагот на ЕУ. Порача дека треба да создаваме уште поуспешна меѓународна политика која што ќе се заснова на професионалност, континуирана едукација и искуства, но акцент ќе става и на развивање на културната и на јавната дипломатија.

актуелно димитров ЕУ македонска приказна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.