Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска се сретна со неговиот данскиот колега Андерс Самуелсен.
Меѓу другото, Димитров и Самуелсен на денешната средба разговарале и за случајот со Никола Груевски и неговото бегство во Унгарија.
Самуелсен по средбата со македонскиот шеф на дипломатијата истакна дека за се што се случувало со Груевски бил информиран од Димитров и дека на оваа тема ќе разговара и со унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто на средбата закажана во петок во Копенхаген.







