Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров стана член на Европскиот совет за надворешни односи
Македонија

Димитров стана член на Европскиот совет за надворешни односи

мај 28, 2021Updated:мај 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Вистинска чест е да ја добијам оваа лична покана која ја прифатив со огромно задоволство, бидејќи можноста да соработувам одблиску со колегите од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), кои се ценети мислители и креатори на глобални одлуки е голема привилегија, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола
Димитров по повод поканата од копретседавачите на ЕЦФР, со која стана официјален член на оваа водечка меѓународна тинк-тенк организација посветена на европската надворешна и безбедносна политика.

По тој повод, вицепремиерот Димитров денеска во Скопје се сретна со заменик-директорката на ЕЦФР и раководителка на канцеларијата во Софија, Весела Чернева, со која разговараше за неговата улога како член во Советот и оптимизирање на можностите за соработка.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров се заблагодари за честа да се приклучи на престижниот ЕЦФР и изрази уверување дека ќе работи посветено за да придонесе кон исполнување на мисијата на оваа уникатна платформа за поврзување на убедените Европејци.

– Верувам дека моите и лични и професионални цели, вредности и принципи се усогласени со оние на ЕЦФР, насочени кон создавање подобра, посигурна, побезбедна Европа за доброто на сите граѓани.

Особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални предизвици и настани кои менуваат светски текови и ги преиспитуваат столбовите на меѓународниот поредок, изјави Димиторв.

Во име на ЕЦФР и од свое лично име, Чернева го пренесе задоволството за прифаќањето на поканата за вклучување на Димитров во Советот и нагласи дека е прилика за заедничко делување во насока на зацврстување на вредностите на меѓународниот поредок, но и зближување на Европа и застапување на европската иднина на Западниот Балкан.

– Преку членството во Советот на ЕЦФР кое се надоврзува на неговите професионални ангажмани, вицепремиерот Димитров ќе продолжи да се залага за европската иднина на Западниот Балкан, се додава во соопштението на СЕП.

ЕЦФР ги обединува најистакнатите високи претставници и експерти од областа на надворешната политика, во стратешки ориентирана паневропска заедница посветена на развивање политики засновани на вредности, унапредување на стабилноста и сигурноста на Европа.

Актуелни претседавачи на Советот се Карл Билд, поранешен шведски премиер и специјален претставник во мисии на ОН и ЕУ, д-р Лик Фрајс, директорка на данскиот тинк-тенк Европа и Норберт Ротген, германски пратеник и претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.

актуелно Европски совет надворешни Никола Димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.