Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димковски: Проценката на грозјето ќе се следи, а вишокот ќе биде откупен
Економија

Димковски: Проценката на грозјето ќе се следи, а вишокот ќе биде откупен

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Постојано сме во комуникација со лозарите. Тоа што можам да ветам е дека нема да бидат сами. Ќе се следи објавувањето на откупните цени и проценката на шеќерните единици, а ако евентуално се појави вишок грозје, од винарниците добивме ветување
дека ќе биде откупено“, рече денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на хидросистемот Марена.

Министерството, истакна Димковски, е отворено за разговор и за сите идеи на лозарите за да се помогне на целиот сектор.

Последните месец – два се одржани, додаде, состаноци и со нив и со винариите.

„Со лозарите во континуитет сме заедно. Бевме со нив и со проблемите што ги наследивме од 2015 година, кога се работеше за неисплатено грозје од „Повардарие” и „Стефани”. Им се исплатија некаде 1,5 милион евра. Потоа, исто така бевме со нив и минатата година кога се соочуваа со вакви тешкотии, кога за „вранец” и „смедеревка” се одвои еден денар во програмата. Таа ставка е околу 100 милиони денари за исплата кон лозарите. И денеска продолжуваме да разговараме. Проблемот го нотиравме и со винариите и со земјоделците. Затоа ќе бидеме тука со нив и кога велам со нив, велам на правилната страна. Кога зборуваме за објавување на шеќерните единици и одредување на цената, доаѓаме ние како можност преку контролите на Државниот инспекторат за земјоделство, околу следење на објавување на цените и проценката на
шеќерните единици“, истакна Димковски.

Во овој контекст потенцира дека вагите мора да бидат баждирани.

„Сега верувам се појавија шпекулации дека винариите ќе откупат помалку од минатата година. Според анализите што ние ги направивме, се очекуваат можеби 5-7-10 милиони килограми повеќе на пазарот. Во разговорите со винариите беше речено дека ќе се направат напори тоа да се откупи“, информира министерот.

Според него, една сорта грозје може да има различна цена зависно од шеќерните единици и во овој сегмент ќе продолжи соработката со лозарите и винарите.

Состојбата ќе се следи.

„Кога лозарите ќе го испорачаат грозјето кон винариите или кога ќе го донесат на откупниот пункт, земјоделците се немоќни. Затоа ние ќе ја искористиме таа можност преку инструментите што ги имаме да не се почувствуваат земјоделците дека се сами и дека се принудени да го дадат грозјето по која било цена. Сезонава, како што сега одик се очекува просечна цена, а ако вака држи времево ќе биде добар квалитетот на
грозјето и со подобар квалитет и поголеми шеќерни единици може да очекуваме и подобри цени. Винариите си бараат добар квалитет и подготвени се да платат подобра цена за добар квалитет“, рече Димковски.

грозје Димковски откуп проценка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.