Дознајте што предвидува вашиот дневен хороскоп за неделата од 15 јануари, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се разбирате со семејството, како ќе ве служи здравјето…
Овен
Како на љубовен, така и на деловен план, пред вас е ден полн со ризични ситуации. Ова бара многу енергија, која, инаку, вообичаено ви недостига. Разговорите кои ќе ги водите со одредени луѓе нема да дадат големи резултати.
Бик
Внимавајте на трошоците, неопходно е внимателно и темелно да го распределите секој денар. Невработените треба да се обратат за помош кај своите пријатели. На крајот на денот стигнува олеснување и силна морална поддршка од постар член на семејството.
Близнаци
Никако да стигнете до целта што, пред извесно време, сте си ја поставиле. Ситуацијата неочекувано се менува, сè укажува на тоа дека неповолните вести ќе ги одложат долго подготвуваните планови. Не губете надеж, наскоро доаѓа уште подобра понуда.
Рак
Ве изненадува приказна за колега на кому бескрајно сте му верувале. Непотребно се нервирате, бидејќи информациите главно не се вистинити. Подобро внимавајте на исхраната и најдете начин како квалитетно да се одморите, бидејќи имунитетот ви е во сериозен пад.
Лав
Дисциплинирано, давате се од себе за да ги завршите обврските кои, невешто, сте ги презеле на себе. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта оптимизмот и чувството дека нешто добро ќе се изроди од се што сте превземале. Чувајте се од повреди.
Девица
Добивате информации кои носат патоказ во која насока треба да се движи вашиот професионален развој. На прв поглед тоа не ви изгледа примамливо, но во иднина може да прерасне во големи можности. Не пропуштајте ја шансата, останете во игра.
Вага
За вас, ова е ден како и секој друг. Уморни сте од темпото од кое сте притиснати извесно време, освен тоа, ниту саканото лице не ви е по волја. Не ги обвинувајте другите затоа што се е на вас, самите се сте презеле на себе, па сега е време во тоа да истраете.
Шкорпија
Мора да се вратите во реалноста. Иако сте тимски играч, понекогаш мора да дејствувате сами за себе, без поддршка од луѓе за кои верувате дека се ваши пријатели. Тоа не значи дека немате на кого да се потпрете, туку дека е неопходно да се осамостоите.
Стрелец
Вие сте невообичаено креативни и зрачите со огромна самодоверба. Толку сте полни со себе што се заканува да се претвори во заблуда за некаква голема супериорност над другите луѓе. Зауздајте го налетот на таа гордост, пред вас се задачи кои ќе можете да ги решите само ако играте во тим.
Јарец
Односите со саканата личност се ставени под знак прашање. Како да дојде последниот час работите да ги ставите на свое место. Ви претстои непријатен разговор кој може да прерасне во отворен конфликт. Ако сакате да избегнете можно раскинување – попуштете, а мислењето задржете си го за себе.
Водолија
Ве очекува ненадеен пад на енергијата. Напнатоста може да предизвика отворени конфликти со луѓе кои ви се пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги отежнува сите ваши обиди да ги поправите работите и врската да ја сочувате.
Риби
Денот е обележан со непријатности на кои ќе ве изложат службени лица, без разлика на тоа дали сте виновни или не. Бидете внимателни, се што правите нека биде чесно. Секој обид за ваша манипулација ќе биде санкциониран во форма на парична казна.







