Собранието го изгласа законот за амнестија со кој им се намалува затворската казна на осудениците.
Со овој закон се ослободуваат од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна.
Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.
Амнестијата не се однесува и на лицата кои кривичните дела ги сториле по 20.09.2017 година.
Со посебна одредба амнестијата се ограничува така што не важи за лица по кои била издадена потерница.







